• Latest

Македонските компании немаат родово балансиран менаџмент!

June 23, 2017

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонските компании немаат родово балансиран менаџмент!

June 23, 2017 13:04
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 60% од 300 мали и средни компании во Македонија, немаат воведено ниту една активност за родово балансиран менаџмент и не планираат да го направат тоа. Околу 14 отсто од нив, планираат такви активности во иднина, а само 26 отсто анкетирани фирми, веќе се обиделе да преземат една или повеќе активности за зголемување на родовата балансираност во менаџментот. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето што во рамките на проектот „Еднаква моќ на жените“ го спроведе  Институтот за комуникациски студии, во соработка со Институтот „Изида Вита“ од Словенија.

Родовата еднаквост во Македонија очигледно е отворено прашање во општествено-политички контекст, особено поради очигледната нееднаквост, почнувајќи од политичките структури и бизнис заедницата, па сè до концептот за еднакви права на мажите и жените во брачните заедници и семејството.

Анкетата дава одговори на 12 прашања, меѓу нив, и за причините за отстапувањата во областа на вработувањето на мажите и жените во Македонија, за тоа колку големите и средни компании во Македонија се свесни за овие факти, а ако се, кои мерки и активности ги преземаат за да ја исправат неправдата?

Според досегашните сознанија, 98% од анкетираните знаат што е родова еднаквост,  75% сметаат дека родовата балансираност е многу значајна, 2,6% сметаат дека тоа воопшто не е важно прашање… За приближно 65% испитаници, родовата еднаквост влијае врз етиката во компаниите. Исто толкав е процентот на фирми, што сметаат дека родовата балансираност влијае добро и врз  креативните процеси во компанијата.

Инаку, финалните резултати од истражувањето ќе бидат објавени кон средината на јули.

Tags: Институт за комуникациски студииистражувањекомпанииродова еднаквост
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ