• Latest

Македонија доби покана за НАТО, членство по остварување на условите

July 11, 2018

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија доби покана за НАТО, членство по остварување на условите

July 11, 2018 13:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нацрт заклучоците на Самитот на НАТО, предвидуваат дека Македонија денеска добива покана за старт на преговори за членство во Алијансата и зачленување по заокружување на сите внатрешни процедури.

Нацрт заклучок за МКД на самит на НАТО во Брисел

„Во 2008 одлучивме дека НАТО ќе и додели покана на ПЈРМ за влез во Алијансата штом се изнајде заеднички прифатливо решение за името во рамките на ОН. Го поздравуваме историскиот договор помеѓу Атина и Скопје за решение за спорот за името. Во согласност со нашата политика решивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне преговори со Алијансата. Целосна имплементација на сите предвидени внатрешни процедури во однос на договорот за решение на спорот за името е услов за успешно заокружување на пристапниот процес“, стои во нацрт заклучоците.

Во заклучоците се поздравуваат напорите на Владата во последната година, значајниот напредок што е постигнат за одредени итни реформски приоритети, како и напорите за градење на мултиетничко општество, но и повикуваат на дополнителни напори во овие области.

Во составот на македонската владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, се и заменик-претседателката на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска-Јанковска, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и националниот координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, Стево Пендаровски.

Предвидено е премиерот Заев да има обраќање на настанот „НАТО ангажмани: Дијалози на Самитот во Брисел“, по што ќе замине на свечената вечера на шефови на држави и влади на земји членки, и на шефови на држави и влади на земји членки и партнери, што ја организира премиерот на Белгија Шарл Мишел.

Во текот на утрешниот ден, премиерот Заев и македонската владина делегација во новото седиште на НАТО, ќе го отпочне учеството на официјалниот дел од агендата на самитот.

Премиерот Заев и членовите на владината делегација за време на дводневните активности на Самитот на НАТО во Брисел ќе имаат повеќе билатерални средби и ќе верификуваат повеќе декларации и документи за соработка со земји членки на НАТО.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска пред стартот на Самитот на НАТО во Брисел, изјави дека Македонија денеска го поправа тоа што го пропуштила пред десет години.

„Денеска е ден во кој можеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година. Мислам дека дури и на денешните дискусии на министерско ниво за надворешни работи и одбрана и на премиерско ниво, стана јасно дека една од недвосмислено најпозитивните одлуки на овој самит ќе биде поканата што ќе ја добие Македонија“, рече Шекеринска пред новинарите во Брисел.

Шекеринска додаде дека денеска сите ја искористиле можноста да и честитаат на Македонија за огромниот пробив.

„Целиот аудиториум не награди со аплауз зашто се свесни дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО“, рече министерката Шекеринска.

Таа е уверена и дека референдумот во Македонија ќе биде успешен.

Германската министерка за одбрана, Урсула Вон Дер Лејен, изјави дека Германија силно го поддржува добивањето покана за влез во НАТО на македонските пријатели, и дека е сигурна дека тоа ќе биде резултатот на Самитот.

На прашање во врска со референдумот, Вон Дер Лејен одговори дека се надева оти тој добро ќе помине.

„Стискам палци дека референдумот добро да помине, многу е важно за нас, нашите македонски пријатели да пристапат во НАТО“, изјави германската министерка.

Во Брисел денеска започна дводневниот самит на НАТО, на кој учествуваат шефови на држави или влади на членките на Алијансата.

На дневниот ред на самитот е јакнењето на способноста за одбрана, проектирање на безбедноста, борба против тероризмот и посилна осработка со Европската унија.

Лидерите од Северноатланскиот совет на првиот ден од Самитот на НАТО, треба да постигнат согласност и да и испратат на Македонија покана за почеток на преговори за нејзино членство во Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на вчерашната прес-конференција, истакна дека по историскиот договор постигнат минатиот месец, за спорот со името, очекува Скопје да почне со преговори за членство.

Ова го порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на вчерашната прес-конференција на која ги подвлече темите кои ќе бидат денеска и утре на лидерската маса.

„Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ќе можеме да ја поканиме Поранешната Југословенска Република Македонија да стане 30 членка на НАТО под нејзиното ново име – Република Северна Македонија. Ова е сигнал дека портата на НАТО е и ќе остане отворена“, истакна Столтенберг.

Потоа, НАТО ќе го чека исходот од референдумот за Преспанскиот договор закажан за септември или октомври.  Доколку тој биде успешен и Договорот прифатен од граѓаните на Македонија, НАТО ќе го чека завршувањето на целата процедура за ратификација  на Договорот.

Кеј Бејли Хачинсон, американската амбасадорка во НАТО, вчера потврди дека САД сака да ја види Македонија како членка на Алијансата, но дека за тоа е неопходно граѓаните да го потврдат Договорот со Грција на референдумот.

„Ако не се комплетираат процедурите, не очекуваме консензус за ратификација на членството, договорот вклучува заокружување на процедурите за да се потврди дека е спроведен“, вели извор од НАТО.

А. Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: алијансаДоговор со ГрцијаЗоран ЗаевЈенс СтолтенбергМакедонијаНАТОпоканаРадмила Шекеринскачленство
Share50Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ