• Latest

Македонија треба на Грција да ѝ предложи потпишување договор за пријателство и соработка (необјавен текст од 2008 година)

July 12, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонија треба на Грција да ѝ предложи потпишување договор за пријателство и соработка (необјавен текст од 2008 година)

Впечаток е дека цврстата определба на Грција да стави вето на поканата на Македонија за зачленување во НАТО е мотивирана првенствено од желбата за реванш поради ирационалната, непотребна и контрапродуктивна победничка еуфорија што, во последните неколку години, се создаваше во Македонија, посебно со триумфалистичките изјави на највисоките македонски политичари на митингот што се одржа по признавањето на името Република Македонија од страна на САД и со апсурдните тврдења на некои македонски политичари (Груевски), дека „проблемот со името е проблем само на Грција“...

July 12, 2019 13:01
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КОСТА СТОИМЕНОВСКИ

(Според Авторот, овој напис бил доставен до македонските медиуми три дена по Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, но, за жал, ниеден медиум не го објавил. Редакцијата смета дека е важно да се знаат сите аспекти на овој децениски процес, особено )

Ветото со кое ја спречи поканата на Македонија за членство во НАТО, Грција го толкуваше и со познатата реторика за „опасноста од иредентизам на нејзиниот северен сосед“! При тоа, Грција мошне вешто користеше некои нетактички гафови, грешки и недоволно промислени постапки што ги направи македонската страна во последните неколку години! На македонската и на светската јавност мошне добро им е познато дека, токму на инсистирање на Грција, Македонија беше приморана да прави корекции во својот Устав, само два месеци по неговото усвојување!

Со промените што беа направени во почетокот на 1992 година, во Уставот на Република Македонија беше додаден нов член со кој таа гарантира дека нема територијални претензии кон која било соседна земја и битно го промени членот во кој се зборува за грижата за македонското национално малцинство во соседните земји и за Македонците во дијаспората. Со цел  дефинитивно одземање на можноста Грција и натаму да го користи адутот за „опасноста од иредентизам на нејзиниот северен сосед“, Македонија би требало итно да и предложи на Грција потпишување на Договор за пријателство и соработка, кој, по усвојувањето од двете страни, би бил депониран во ООН, во НАТО и во ЕУ!

Впечаток е дека цврстата определба на Грција да стави вето на поканата на Македонија за зачленување во НАТО е мотивирана првенствено од желбата за реванш поради ирационалната, непотребна и контрапродуктивна победничка еуфорија што, во последните неколку години, се создаваше во Македонија, посебно со триумфалистичките изјави на највисоките македонски политичари на митингот што се одржа по признавањето на името Република Македонија од страна на САД и со апсурдните тврдења на некои македонски политичари дека „проблемот со името е проблем само на Грција“ исл.

Само наивен и неискусен политичар може(ше) да верува дека нарцисоидните Грци ќе ја проголтаат оваа „кнедла“! И покрај своите ирационални барања, Грците во никој случај не би дозволиле да бидат победени од една ефемерна и „проблематична“ држава каква што е Македонија! Тоа најдобро го демонстрира грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани со изјавата што ја даде на прес конференцијата на Самитот на НАТО во Букурешт во врска со ветото за поканата на Македонија за зачленување во Северно-атланската Алијанса:

„Одлуката за тоа (неупатувањето покана на РМ – б.а.) е содржана во Заедничкото соопштение на сите земји-членки на НАТО“, како и дека околу ова прашање (спорот околу името – б.а.) „НЕМА НИ ПОБЕДНИЦИ, НИ ПОБЕДЕНИ“!?

НАТО самит, Букурешт, април 2008 година

Го нокаутираш противникот, а потоа тврдиш дека нема ни победник ни поразен!? Цинизам, одмазда, казна или мудра дипломатија? Иако во изјавата на грчката министерка за надворешни работи има по нешто од сите наведени претпоставки, истата може да се оквалификува првенствено како израз на вешта и мудра дипломатија! Иако нашите „дипломати“ беа всушност само спаринг-партнер на искусната и вешта грчка дипломатија, тие се самопрогласуваа за „победници“ дури и пред да излезат на „рингот“, заборавајќи, притоа, дека Платформата на САД, која послужи како основа за постигнување на Времената спогодба содржеше одредба, која предвидува(ше) дека при решавањето на спорот околу името на нашата држава „НЕ СМЕЕ ДА ИМА НИ ПОБЕДНИК, НИ ПОРАЗЕН“!

По „вакуумот“ што се случи со неупатувањето на покана на Македонија за зачленување во НАТО, нормално би можело да се очекува дека сите инволвирани и заинтересирани страни ќе направат подробна анализа на „случајот“ и ќе пристапат кон подготовка на платформи за нивното натамошно дејствување.

Што би требало да прави и како да постапува и дејствува Македонија во наредниот период?

1) Имајќи предвид дека проблемот со името на нашата држава треба да се решава во рамките на ООН, Македонија би требало итно да подготви Нота која ќе ја врачи на Генералниот секретар на ООН, Бан Ки Мун, со апел истата да биде проследена до Советот за безбедност и до сите земји членки на ООН. Во Нотата треба да се изрази незадоволство поради определбата на Грција да не ги почитува одредбите од Времената спогодба, посебно онаа која се однесува на  непреченото зачленување на Македонија во меѓународните организации, потоа да се наведе што се Македонија досега направила во врска со решавањето на проблемот со името, да укаже на последиците кои би можеле да уследат поради ваквото однесување на Грција, како и да побара надлежните органи на ООН да се изјаснат и да заземаат став во врска со спорот меѓу Република Македониј  и Република Грција. Во Нотата би требало да се изрази подготвеност на Македонија за потпишување на Договор за пријателство и соработка со Грција, во кој, покрај останатото, ќе биде содржана и одредба за непостоење на територијални претензии од едната или другата страна.

2) Со предлозите и мислењата на некои наши правни експерти за покренување на судски спор при Меѓународниот Суд во Хаг треба да се постапува внимателно!

3) При подготвувањето на Платформата за нашето натамошно постапување околу решавањето на проблемот со Грција околу името на нашата држава треба посебно да се имаат предвид следните факти, состојби и аргументи: 1. (не)заинтересираноста на Македонија за членство во НАТО и ЕУ  и 2. привилегираната позиција на Грција, која како членка на ЕУ и НАТО може битно да влијае на (не)зачленувањето на Македонија во овие организации. Нималку не се случајни добронамерните и/ли помалку добронамерните предупредувања на бројни меѓународни фактори дека за проблемот со Грција околу името на нашата држава треба да се најде решение, односно да се постигне компромис. Имајќи предвид дека компромисот значи отстапки на двете страни, Македонија, се разбира доколку се определи за компромисно решавање на проблемот, би требало да прифати сложено име (со додавка или со придавка), кое всушност би требало да биде замена за привременото име ПЈРМ (FYROM), а кое би се употребувало на ист начин и во ист обем како и спомнатата референца, додека Грција би ја прифатила реалноста за постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик и се обврзува дека во иднина нема да ги  оспорува овие реалности!

Скопје, 9 април 2008 година

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.


Белешка од Редакцијата: Авторот, Коста Стоименовски, достави повеќе текстови до Редакција ЦИВИЛ Медиаод кои неколку веќе се објавувени. Првиот текст ни беше испратен веднаш по најавата за иницијативата #КрајЗаРасипништвото што ја поведе ЦИВИЛ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ