На денешен ден, пред пет години, беше уапсен новинарот Томислав Кежаровски, а пет месеци подоцна осуден на 4,5 години затвор, за случајот „Ликвидација“.
„Сакам да истакнам дека она што ми се случи повеќе не треба и не смее да му се случи никому, на ниту еден граѓанин на Република Македонија, кој незадоволен од општеството, критички се однесува кон работата на владините институции“, вели Кежаровски за ЦИВИЛ Медиа.
Тимот на ЦИВИЛ денеска во 12 часот постави инфо-штанд пред пролазот Палета во Скопје, каде што граѓанките и граѓаните имаа можност да се запознаат со активностите на организацијата.
ЦИВИЛ во рамките на проектот Акција – Интеграција, утре, 29 мај (вторник) во Тетово ќе одржи втора работилница на тема „Каква Македонија сакам?“ со претставници на локалната самоуправа, граѓанските организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиуми, активисти и заинтересирани граѓанки и граѓани.
ЦИВИЛ интезивно се подготвува за промовирање на три книги со повеќе од 350 колумни, на вкупно 1.000 страници во клубот Сити Хол (до МКЦ), во среда, 30 мај, со почеток во 20:30 часот.
Министрите за надворешни работи на, Никос Коѕиас и Никола Димитров до доцна синоќа преговарале и постигнале рамка за компромис за името.
„Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат, се планира важен разговор на премиерско ниво, Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра, изјави Димитров.
Повеќе граѓански иницијативи против изградба на гасовод низ парк-шумата Водно.
Д.М.