• Latest

Македонската политичка наковална

April 17, 2019

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Македонската политичка наковална

April 17, 2019 11:55
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Сега веќе е доцна, но подобро доцна, отколку некогаш, да разјасниме неколку работи околу овие претседателски избори… Неспорна е важноста на овие избори. Како и секогаш и секаде, така и на овие избори, па нека се и претседателски, важно е дали на претстојните избори ќе изгуби национализмот и повиците за „гасни комори“ или европските вредности. Кристално чисти не можат да бидат, бидејќи изборните процеси никогаш (па и никаде) не можат да бидат тоа, но овие ќе бидат сѐ уште далеку од тоа. Од друга страна, заморот на гласачите од жестокото темпо на политиката ја направи целата кампања некако млитава, ако ги изземеме говорот на омразата и национализмот, а секако и политичките дисквалификации.

Џабир Дерала

На кампањата водат политичките партии и нивните лидери, некаде помалку, некаде повеќе, но конфузијата е очигледна. Се натпреваруваат претседателските кандидати, но уште побрзо, повеќе, погласно и повидливо трчаат политичките партии и лидерите. Лидерите на албанските партии, особено оние што го поддржаа Пендаровски се посебна, до некаде и смешна, приказна што не смее да остане нераскажана.

Злоупотребата на јавните ресурси не е ни оддалеку толку интензивна како што тоа беше случај во времето кога партиската машинерија на Груевски спроведуваше социјален и политички инженеринг со индустриски размери, својствени за методични и сериозни диктатори во светот. Сепак, политичката култура во македонското општество, како на партиските структури, така и на граѓанките и граѓаните, е на катастрофално ниско ниво, така што, понекогаш и несвесни за трансгресијата, на носителите на функции и администрацијата им доаѓа „природно“ да се „послужат“ со моќта што ја имаат.

На луѓето им е доволно ако партиските војници и капитени во комуникацијата со нив го замениле „мораш, инаку тешко тебе“ со „те молам“. Најчесто, тоа и би требало да биде доволно, за да кажеме дека нешто навистина се сменило, но кога „те молам“ се употребува на тој начин што се подразбира дека нечие работно место или условите при работата зависат од тоа дали ќе се послуша „молбата“ или не, принудата останува иста во својата суштина. Ако атмосферата во еден работен колектив (во администрацијата) е таква што нечија индивидуална волја и одлука „се подразбира“, тогаш не се променила суштината, туку само формата.

Неопределените останаа под притисок и на двете страни во македонската политичка наковална. Останаа исти (или слични) притисоците врз „своите“, поточно, секоја партија врши притисок врз своите членови и не ѝ се меша на „другата страна“. Мора да се признае дека манирите со кои двете најголеми партии ја спроведуваат мобилизацијата беа и останаа различни според вокабуларот и интензитетот на „убедувањата“. Различни, да, но според својата суштина, тука се некаде.

И, што е донекаде и апсурдно… Сегашните носители на политичката и извршната моќ максимално ги „штедат, мазат и пазат“ своите политички ривали. Освен што голем дел од моќта на партиските структури на режимот сѐ уште се активни и ги држат позициите во системот, тие во овој период слободно, како и порано, ги користат службените погодности, за да спроведуваат кампања. Иако се забележува дека главните носители на власта внимаваат да не користат службени автомобили и други придобивки на своите позиции (барем оние највидливите), СМС пораките останаа, агитирањето и притисоците останаа, макар и да се неспоредливо поблаги од порано.

И така, власта се најде во една апсурдна позиција. Коалиционите партнери се однесуваат како што секогаш се однесувале, опозицијата ја пее старата песна, оставена на мира да прави што сака (амнестирана, ослободена, во фаза на преговори), а сите останати се на милост и немилост на скапо платената, а евтина циркуска забава, силно зачинета со национализмот на дел од учесниците во изборната трка.

Хм, можеби и тоа е подобро отколку власта и партијата да бидат едно те исто, а манипулацијата и заканите да бидат главен дел од структурното насилство и изборниот грабеж, својствен на ерата на Груевски и Фамилијата. Но, останува уште многу пат да се изоди кон градење на политичка култура кон која се декларираме дека се стремиме. Макар и со железни опинци, ако не со патики за спринт…

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share75Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ