• Latest
Фото: ЦИВИЛ

Македонскиот воз тргна кон ЕУ, од Вас зависи со која брзина ќе стигне во Брисел, порача Ван дер Белен

March 30, 2023
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Проевропската партија на Маја Санду пред победа на парламентарните избори во Молдавија

September 29, 2025

Протести и контра-протести во Србија

September 28, 2025

Филипче: Наша должност е да ја запреме разулавената власт, да се обединиме и да го спречиме рушењето на нашиот заеднички дом и на сето она што сме го постигнале

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кијив, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Кијивска регионална администрација)

Украинската амбасадорка Дир за ЦИВИЛ: Државата-агресор продолжува со терор против украинските градови и граѓани

September 28, 2025

„Сива зона“ – игра за млади за подигнување на свеста за корупцијата

September 28, 2025

Избори, нервоза и сказни

September 28, 2025

Гаши: Избори без притисок, користење на говор на омраза, поларизирачка пропаганда и злоупотреба на јавните ресурси

September 28, 2025

Хоџиќ го честита Денот на Бошњаците: Секогаш да сме пркосни на сите деструктивни сили и политики

September 28, 2025
Ф-16 на португалските воздухопловни сили полетува за време на ротацијата на балтичкото воздухопловно набљудување во Естонија. (фото извор: НАТО)

Полска подигна авиони за да ја осигурат безбедноста на нивниот воздушен простор откако Русија започна напад врз Украина

September 28, 2025
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Запорижја, рано наутро, 28 септември 2025, погодени станбени згради (фото извор: Запорижска регионална администрација)

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Масивен напад со ракети и дронови врз цивилни цели, загина 12-годишно девојче

September 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонскиот воз тргна кон ЕУ, од Вас зависи со која брзина ќе стигне во Брисел, порача Ван дер Белен

March 30, 2023 08:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ЦИВИЛ

Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Австрија изразува постојана и силна поддршката за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, но од самата земја зависи кога ќе ги почне следните чекори во преговорите со ЕУ и колку брзо ќе се приклучи кон Унијата, порача австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, кој вчера престојуваше во официјална посета на државава, на средби со државниот врв и во обраќање во Собранието. Од властите апел до опозицијата да се вклучи во процесот на уставни измени и да не ја загоризува македонската европска перспектива, порачувајќи дека државата нема да пропадне ако во Преамбулата на Уставот се додадат три или четири народи кои живеат во земјава.

Ван дер Белен истакна дека патот на евроинтеграцијата на земјава траеше долго, но тој сега е трасиран и од нас зависи кога Северна Македонија ќе ги продолжи чекорите на европскиот пат и колку брзо ќе го изоди.

– Од пред речиси 20 години возот кон дестинацијата Брисел стоеше на железничката станица во Скопје, меѓутоа од јули 2022 година сигналите конечно покажуваат зелено светло и поради тоа ви честитам од срце. Северна Македонија го заслужува ова патување. Возот веќе тргна кон Брисел со скрининг процесот и е на добар пат, но движењето на возот кон Брисел не зависи само од сигналот, туку од постојаното додавање енергија, а за време на патот кон Брисел и Владата и Парламентот на Северна Македонија треба да ја даваат таа енергија, рече австрискиот претседател.

Ван дер Белен потенцира дека е свесен оти патот на земјава кон ЕУ е тежок и ја разбира фрустрацијата поради времетраењето на тој процес, но замоли да не ја „изгубиме целта од вид“.

Фото: ЦИВИЛ

– Да работиме заедно за скорешен примен на Северна Македонија во ЕУ. Јас можам да гарантирам дека Австија и во иднина ќе ви стои на располагање како сигурен партнер, порача австрискиот претседател.

Обраќајќи им се на пратениците во Собранието, тој ги замоли и охрабри да останат мотивирани и концентрирани, потенцирајќи дека за да може земјава да го продолжи процесот на зачленување во ЕУ, потребно е да се направи следниот чекор кој не е лесен, а тоа е промената на Уставот, согласно Преговарачката рамка усогласена во јули минатата година со сите членки на Унијата.

– Сакам јасно да кажам дека не верувам оти е реалистично дека договорот од јули 2022 година ќе се преговара уште еднаш, рече Ван дер Белен.

Претседателот Стево Пендаровски на зедничката прес-конференција по средбата со Ван дер Белен, истакна дека оние кои мислат дека европската Преговарачка рамка не е добра и дека кога тие би биле во позиција да преговараат би направиле подобра, очигледно не знаат како функционираат механизмите во рамките на ЕУ.

– Ако некој може да испреговара подобра Преговарачка рамка, јас ќе бидам првиот кој ќе му честита на тоа. Меѓутоа ги уверувам да не се обидуваат тоа да го прават денес, утре, задутре, догодина, затоа што нема да има шанса одново да се преговара една работа која е договорена со 27 земји членки на ЕУ, изјави Пендаровски.

Тој порача дека единствен пат за обебзедување на потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е да се разговара со луѓето од опозицијата.

– Не би сакал да видам каков било друг пристап во постигнувањето на тие две третини и ако влеземе со искрена намера, да се разбереме, ве уверувам дека аргументите се на страната на оние, вклучувајќи ме и мене, кои веруваат дека самата содржина на тој уставен амандман, внесување на Бугарите во нашиот Устав, е бенингна промена и на ниеден начин не ги загрозува македонската сувереност, независност, ниту европскиот пат, рече Пендаровски, додавајќи дека ако не успееме да ја извшиме промената на Уставот повторно ќе бидеме блокирани на европскиот пат, но овојпат по сопствена одлука.

И премиерот Димитар Ковачевски изрази надеж дека нашата држава има демократски и европски капацитет и визија да ги спроведе уставните измени, порачувајќи дека процесот на нивно усвојување нема да се одложи.

– Оваа одлука за продолжување на нашиот европски пат нема да биде заложник на личната кариера на само еден човек во државата, којшто е подготвен заради својата лична фотелја да ризикува прекинување на еден процес којшто значи обезбедување на полноправно членство во ЕУ, кое со себе носи зголемени инвестиции и плати, повисок животен стандард за граѓаните, врвни институции и врвно европско законодавство во нашата држава, бидејќи нашите граѓани сакаат и заслужуваат да живеат во ЕУ, но тука во својата држава, а не во туѓина, рече Ковачевски.

Министерот за правда Кренар Лога по средбата со неговата австриска колешка Алма Задиќ, порача дека приоритет над приоритетите во однос на уставните измени е промена на Преамбулата на Уставот, со што во неа би се вметнале сите помали заедници кои ќе пројават интерес за тоа.

Тој нагласи дека ја повикува ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на оваа партија да се изјаснат за сите прашања што ги имаат поврзани со Уставот, посочувајќи дека вратата на Министерството за правда останува отворена за нив за да се вклучат со свои претставници во работната група за уставните измени.

Иако засега нема времеска рамка кога ќе почне со работа група за уставните измени, во кој би треба да бидат вклучени експерти од областа уставното право и претставници на политичките партии и на Кабинетот на шефот на државата, премиерот Ковачевски најави дека со нејзиното формирање и со стартот на нејзината работа, практично ќе започне процесот на промена на Уставот, согласно процедурите пропишани со закон, за кој процес ќе биде потребен широк политички и општествен консензус.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во вторникот најави дека процесот на уставни измени ќе започне пред летото, порачувајќи дека треба што поскоро да се отвори дебата за уставните измени, да се даде простор да се разменат аргументити и мислењата, за да се создаде атмосфера во Собранието за здрава разумска дебата дали сакаме и колку бргу сакаме да бидеме во ЕУ.

– Очекувам во наредните денови да се објави работната група и вендаш да започнеме со формулација на уставните амандмани. Во Собранието, сега како што е, има една атмосфера во која што опозицијата сака да ја избегне темата за уставни измени. Јас мислам дека тоа не му оди во прилог никому, изјави Маричиќ, додавајќи дека смета оти има доволно време да ги завршиме уставните измени до ноември.

Претседателот Пендаровски вчера оцени дека опозицијата ќе згреши доколку реши да не учествува во работната група за уставните измени и во Комисијата за уставни прашања во Парламентот.

– Ги повикувам да ги кажат своите аргументи. И јас мислам дека таа дебата би требало да биде пренесувана директно, во живо за македонската јавност, затоа што ако ги соочите аргументите на двете страни ќе видите дека зборуваме за работи кои веќе сме ги направиле пред 22  години, рече Пендаровски, нагласувајќи дека државата сигурно нема да пропадне доколку во Преамбулата на Уставот додадеме три или четири народи кои живеат во земјава.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АвстријаАлександер Ван дер БеленЕУКовачевскиМаричиќПендаровскиСеверна Македонија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ