• Latest
Македонските национални телевизии

Костовски: Македонските национални телевизии – зона на еднонасочна идеолошка радијација

February 15, 2024

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Костовски: Македонските национални телевизии – зона на еднонасочна идеолошка радијација

February 15, 2024 11:24
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Македонските национални телевизии
Share on FacebookShare on Twitter

„Во зоната на идеолошката радијација, телевизиите просто ги распостилаат своите капацитети и слепо се држат до директивите на еден политички штаб. Тоа се прави толку долго, без оглед на моменталната политичка фортуна, што три дена однапред за секој внимателен проследувач на програмите е предвидливо кои ќе бидат главни гости по сите телевизии, што ќе ги прашуваат гостите во студиото или преку т.н. „Хајд парк“ контактни емисии, што се очекува да биде одговорот, кои ќе бидат темите што одговараат на насоките на една партија“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Борба за затворено општество: Медиумски простор со еднонасочна идеолошка радијација“.

„Ја знаете веќе онаа легендарна анегдота, кога директорот на една од телевизиите со национална фреквенција (Алфа, за која дибидус не се знае како дојде во тоа друштво) го прашува главниот уредник зошто постојано доцнат вестите во 14 часот, а одговорот гласи – не го добивме распоредот на вестите од партијата. Значи сѐ си било средено, содржински и по ликовите кои ја одредуваат таа содржина, но битен е и редоследот… какво „хармонично“ средување на медиумскиот простор! Па таква идила имало само во оние општества каде на времето постоела само една радио станица, а евентуално и по еден, два весници. Ама, вака униформно да ги средите медиумите (со мали исклучоци) во општество што се нарекува плуралистичко, тоа е навистина мајсторство на носителите на предолго заробеното општество.

Ова лесно се објаснува со фактот дека во малиот базен со многу крокодили (медиуми што „треба“ да опстанат), водата ја пуштаат дузина најбогати луѓе. Тие не само што ги контролираат политичките процеси, а секако и коморите, удобно се седнати и во „третата власт“, туку ја користат „седмата сила“ како клучна алатка за да ја остварат таа своја цел. Тука влогот многу бргу се враќа.

Главната цел на таа дузина моќници е поврзана со одбраната на нивната монополска позиција во однос на државните фондови, инвестициите, грабање на заостанатите долгови кон земјава од пред транзицискиот период и низа други богати извори“, вели Костовски.


Борба за затворено општество: Медиумски простор со еднонасочна идеолошка радијација

Tags: Љубомир Костовскимакедонски национални телевизии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ