Се појави и информација што пишува во заканите со бомби испратени до повеќе училишта, институции, скопскиот аеродром, хотели, објави Независен.мк. Освен пораката „Суспендирајте ги санкциите, ебани гомна“, нема некои посериозни индикации зошто се пишуваат овие закани.
„Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политички партии за да ги минираме следните локации во Скопје…“ – гласи првата реченица од пораката, а потоа се наведува и каде наводно биле поставени бомби.
Пораката завршува со зборовите:
„Бомбите се активираат и ќе експлоздираат на сеизматичен покрет. Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, ебани гомна“.
Денеска имаше над 20 закани за поставени бомби пристигнаа на разни мејл адреси во Скопје и во Битола.