Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека примирјето меѓу Украина и Русија би можело да биде договорено во следните недели, по разговорите со Доналд Трамп во Белата куќа, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Макрон рече дека секој мировен договор „не смее да биде предавање на Украина“ и мора да биде поддржан со безбедносни гаранции додека Трамп вели дека цената и товарот за обезбедување мир мора да го платат европските нации, а не само САД.
Во Украина, сирените за воздушен напад се огласија низ поголемиот дел од земјата поради нападот со руски ракети, кои исто така предизвикаа соседна Полска да ги приземји своите авиони
Во меѓувреме, САД двапати застанаа на страната на Русија во гласовите во ОН за одбележување на третата годишнина од руската инвазија на Украина.
П0дготви: Д. Мишев