Мерита Максути, архитектка, активистка за човекови права за ЦИВИЛ Медиа говори за клучните работи што се потребни за едно напредно општество.
Ако сакаме напредно општество и неконфликтно општество, мислам дека треба да се фокусираме на подобрување на животот. Мислам дека едно од клучните работи во државата е институционализирање на еднаквоста на луѓето. Од друга страна, треба да се најде алтернатива, како да се спречи одливот на мозоци од Македонија, што е многу битен момент. Бидејќи нема да има кој да се кара за какви било права, ако луѓето не се комфорни во своите општества. Тоа е нешто на што ние како држава, односно како граѓани, треба да инсистираме. Општество кое ќе гарантира еднаквост по сите нивоа. И општество кое ќе направи да ја чувствуваме државата како наша.
Д. Тахири
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Оваа содржина е дел од иницијативите и проектите на ЦИВИЛ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности, со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург. Ставовите и мислењата изнесени во овие содржини се на самите Автор(к)и и не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на донаторите.