Повеќе од 50.000 жени служат во вооружените сили на Украина, од кои повеќе од 5.000 моментално се на фронтот, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Малиар, која зборуваше на Вториот меѓународен самит на првите дами и господа, одржан во Киев на 23 јули, јавува дописникот на Укринформ.
„Покрај 38.000 воени службенички, имаме и цивилни жени вработени во вооружените сили на Украина. Затоа, вкупно, имаме повеќе од 50.000 жени како дел од вооружените сили. Денес, имаме повеќе од 5.000 жени на линијата на фронтот“, рече Малиар.
Земајќи ги предвид овие бројки, истакна заменик министерот, Украина денес има еден од најголемите удели на жени во Армијата, во споредба со земјите-членки на НАТО.
Подготви: Д.Мишев