• Latest

Малта со безрезервна поддршка за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ

July 13, 2018

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Малта со безрезервна поддршка за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ

July 13, 2018 10:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Малта дава недвосмислена и безрезервна поддршка на Република Македонија во процесот на отпочнување на преговорите за полноправно членство во европското семејство.

Ова му го порача претседателот на Претставничкиот дом на Малта, Анџело Фаруџа на првиот човек на македонското Собрание, Талат Џафери.

Претседателот на Собранието Џафери на маргините на Третиот самит на спикери на парламенти на Централна и Источна Европа, што се одржува вчера и денеска во Варшава оствари билатерална средба со Фаруџа.

Фаруџа нагласи дека и покрај тоа што Малта е најмалата земја-членка на ЕУ, дава недвосмислена и безрезервна поддршка на Македонија во процесот на отпочнување на преговорите за полноправно членство во европското семејство.

Двајцата претседатели, како што соопшти кабинетот на Џафери, изразија задоволство од можноста да остварат прва билатерална средба и да разменат мислења околу отпочнување на потесна парламентарна соработка, особено во време кога Република Македонија има потреба од силна поддршка на патот кон влез во европското семејство.

Џафери изрази благодарност за воспоставувањето дипломатските односи со Малта на крајот од 2016 година, бидејќи тоа претставува одлична основа за интензивирање на идната заедничка соработка на сите нивоа и во домените од заеднички интерес, особено во контекст на европските интеграциски процеси на Македонија.

Двајцата соговорници се согласија дека токму Парламентите се стожер на процесот на европска интеграција на земјите и затоа секоја размена на искуства со земји членки е драгоцена во овој процес. Оттука, претседателите се согласија дека треба да се разгледа можноста за искористување на мноштвото стипендии што ги нуди Владата на Малта, меѓу другото и стипендии за државни службеници, како можност за размена на ниво на парламентарна служба.

На крајот на средбата, претседателот Џафери упати усна покана за официјална посета на Република Македонија до претседателот на Претставничкиот дом на Малта, во период кој ќе биде најсоодветен за двете страни. (МИА)

Tags: Европска УнијаМакедонијаМалтаподдршкаПреговоричленство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ