• Latest

Мамутска и фантомска организација во срцето на изборниот процес

July 28, 2017
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мамутска и фантомска организација во срцето на изборниот процес

July 28, 2017 12:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Добив една љубезна покана од Секретаријатот за европски прашања при Владата, да учествувам на трибина за „имплементација на мерките од Планот 3-6-9 во делот на изборите“. Во поканата, вице-премиерот за евро-прашања Бујар Османи, се повикува на определбата за почитување на принципите на инклузивност и транспарентност, па ги наведува, покрај Цивил и Мост, и Синергија од Штип. Упс!

Пишува: Џабир Дерала

Имам обврска кон читател(к)ите, кон членовите на нашата организација, а уште повеќе кон пошироката македонска, па и светска јавност, да потсетам на наодите кои се однесуваат на неславната улога на Синергија на локалните, парламентарните и претседателските избори во 2013 и 2014 година…

Истражувачката новинарка Мери Јордановска (тогаш во „Фокус“), непосредно по изборите во 2013-та, се обиде да дознае која е организацијата која истрча на теренот со фантастични 5,000 акредитирани набљудувачи.

Mамутска и потполно фантомска во исто време, оваа организација не одговори на неколку важни прашања. Тврдеа дека се на чело на некоја си платформа од 94 организации, но не кажаа кои се тие организации. Нивната тогашна претседателка Вилма Јорданова, инаку членка на ВМРО-ДПНЕ, на новинарката ѝ одговорила: „Тие се во наша лична архива“. Не одговорија ни кој ја финансира нивната операција: „Донаторите сакаа да останат анонимни. Тие се само поддржувачи на народот во однос на едукација.“ – одговорила Јорданова на ова прашање. Ако ова е точно, компаниите во Македонија покажуваат фантастично ниво на општествена одговорност, како ретко каде на планетава.

Иако финансирањето на изборниот проект го сокрија од очите на јавноста, за Синергија е познато дека се добитници на неколку проекти од дил-ориентед владата на Груевски. Нивниот извештај за изборниот процес во 2013 година беше преполн со лаги, но и воспевање и честитки за „демократските, слободни и фер избори“. Тоа се оние исти избори кога структурното насилство, фантомските гласачи и операцијата Пустец ја „прославија“ Македонија надвор од нејзините граници, а припадниците на злосторничкото здружение сега се обвинети во мега случајот „Титаник“ на СЈО.

Со години ги гледавме „синергичните“. По дијагонално читање на извештаите од набљудувачите на Цивил, гледам дека е нотирано дека не знаат точно од која организација доаѓаат, па даваат смешни одговори, а во неколку случаи се претставиле и како набљудувачи на Цивил. Тие не знаат што треба да прават, а дел од извештаите говорат за тоа дека биле во функција на агитатори, а не на набљудувачи.

За начинот на изборно набљудување имам да ви раскажувам уште бескрајно многу стории од кои ќе ви се крене притисокот, а на голем дел од нив и горчливо ќе се насмеете. Штипската Синергија е само една од гротеските на граѓанското општество на кое ќе му треба многу време да оздрави од партиско-полициските вируси. Принципот на инклузивност кој го промовира новата влада е за поздравување, но дали оние што директно учествувале во изборните манипулации и кражби треба да ги седнеме на масата каде се носат одлуки за изборните процеси? Јас го знам одговорот, а вие?


Објавено во Плусинфо и Слободен печат (28 и 29 јули 2017)

Tags: владаизборимамутиМери ЈордановскаПлан 3-6-9СинергијаСЈОфантоми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ