• Latest

Маричиќ: Не очекувам нови бугарски блокади по уставните измени

October 2, 2023

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

May 16, 2025
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025

Украина ќе добие 84 милиони долари од Светска банка за обнова на станбена инфраструктура оштетена во војната

May 16, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Германскиот канцелар ѝ се заканува на Русија со нови санкции поради непојавувањето на Путин на разговорите во Истанбул

May 16, 2025

Реакции: „Ќе им дадат помош пред избори и ќе ги обработат да не протестираат повеќе“; „Туѓи деца, не ги боли“; „Ќе дадат свој предлог пред избори и ќе го усвојат“…

May 16, 2025

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската унија

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 50 Палестинци се убиени откако Израел започна офанзива во северна Газа

May 16, 2025

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
MZR Kashmir

Индија разгледува план за намалување на водоснабдувањето на Пакистан со нов проект за реката Инд

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Не очекувам нови бугарски блокади по уставните измени

October 2, 2023 14:40
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сите наши обврски со Бугарија се напишани на хартија и се вградени или во Преговарачката рамка  или во заклучоците кои ги имаме од Советот на ЕУ од минатата година, така што она што можеме да го очекуваме е предвиливо, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, кој потенцира дека не очекува нови блокади од Бугарија по уставните измени.

Тој одговараше на новинарски прашања по потпишувањето на финансиската спогодба за ИПАРД 3, а ова го одговори на прашањето да даде коментар на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) истакна дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ, но и дека е сигурен дека Бугарија постојано ќе формулира нови барања.

Маричиќ денеска рече дека не знае што кажал Османи, но напомена дека она што ќе се случува по уставните измени е извесно.

-Прво знаеме дека по завршувањето на уставните измени, автоматски треба да се свика втората Меѓувладина конференција и за тоа имаме цврсто уверување и од шпанското претседателство и од наредните… Секоја држава-членка во текот на преговорите може повеќе пати да отвори прашање, но мислам дека по завршувањето на уставните измени веќе никој, а особено Бугарија, нема да има кредибилитет да прават каква било блокада, бидејќи сметам дека беа доволно блокади, рече Маричиќ.

Прашан дали има сознанија за тоа каква е бугарската реакција на барањето во француско-германскиот предлог за укинување на тргнување на  ветото во процесот, вели дека засега нема официјална реакција.

-Нема официјална реакција, но сигурен сум дека кога ќе дојдат тие теми да се дискутираат ќе има држави, не само Бугарија и други коишто ќе имаат забелешка на тој начин на менување на принципот, на едногласност во делот на проширувањето. Но, тоа е борба која што ние не треба да ја биеме, тоа е битка внатре во ЕУ. Ние треба да се погрижиме во моментот кога ќе дојде времето да се носи одлука за наше членство во ЕУ никој да нема против. Тоа ни е многу важно, нагласи Маричиќ.

Во однос на можноста забелешките во извештајот на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ), а кои во еден дел се однесуваат на правата на граѓани на Северна Македонија кои се самоидентификуваат како Бугари и дали е можно тие да бидат внесени во Акцискиот план, Маричиќ нагласи дека  ЕКРИ е тело на Советот на Европа и оти Европската комисија се уште не објавила извештај.

-Ние го имаме скрининг извештајот, кој е усвоен од земјите-членки и очекуваме да добиеме покана за споделување, односно доставување на тие патокази. Ние не чекаме тоа да се случи, паралелно работиме на изготвување тие патокази, имавме два круга консултации со институциите и два круга консултации со граѓанските организации. Кога ќе добиеме формална официјална покана за доставување на патоказите ќе имаме формални консултации со граѓанските организации, а планираме и најмалку една сесија во Собранието, секако зависно како ќе одлучи Собранието да ја изврши консултацијата, дали преку Националниот совет за европски интеграции или преку Комисијата за европски прашања или на заедничка седница, оставаме простор предлог дадат собраниските тела и Собранието. Имаме и експертски тимови во МНР еден работи на Акцискиот план, другите се водени во СЕП, рече Маричиќ.

Додаде дека досега немало такви разговори ниту со Бугарија и оти смета дека сите извештаи и тие што ни одат во прилог и останатите треба да бидат разгледани. Маричиќ потенцира дека смета оти имаме многу факти и во однос на законската рамка и во однос на институционалната пракса да докажеме дека системска дискриминацина не постои против никого во Северна Македонија.

-Отворени сме за подобрување и утврдување на статусот на која било заедница кај нас, бидејќи тоа се наши граѓани, но во никој случај не се согласуваме дека постои дискриминација само кај една етничка група, рече Маричиќ.

Во однос на уставните измени тој истакна дека процедурата е почната, а гласањето ќе се случи во оној момент „кога ќе бидеме сигурни дека има добри шанси за 80 гласа“.

-Инаку претходно нема зошто да го отвораме. Ние, како што кажа и премиерот неколку пати разговараме со сите пратеници, спремни сме и сметаме дека има уште време за да се донесат вистинските одлуки. Секако помалку време има со секој изминат ден, но имаме доволно време сите обврски да ги завршиме до крајот на оваа година. Работиме паралелно на сите процеси, и на патоказите и на Акцискиот план и на уставните измени, рече Маричиќ.

Во однос на тоа дали ќе има посебни консултации со опозицијата за патоказите, Маричиќ изјави дека и досега биле отворени за понуди и тој имал средби во минатото со претставниците на опозицијата во Собраниете, врзано за овие прашања.

-Планираме веднаш откако официјалнио ќе ја добиеме поканата од Советот на министри на ЕУ да доставиме писмо до претседателите на двете тела, кои се занимаваат со евроинтеграциите, тоа е Националниот совет за евроинтеграциите, каде претседател е пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ и Комисијата за европски прашања, каде претседател е пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми. Секако и со претседателот на Собранието ќе поразговараме, кој е најдобриот начин, како да се вклучи опозицијата во давање мислење за овие патокази, рече Маричиќ, кој додаде дека тоа е сериозен процес, кој не трпи партиско-политички препукувања.

Секој документ што дава отворена поддршка на зачленувањето во ЕУ е добредојден

Маричиќ смета дека секој документ од секоја држава членка која дава отворена поддршка на зачленувањето на државите од Западен Балкан, австрискиот документ е во таа насока е добредојден и е позитивен притисок кон институциите на ЕУ и кон државите членки за изготвување јасен и недвосмислен план за членство на државите од Западен Балкан бидејќи само тоа може да ја врати довербата кај нашите граѓани и кај сите граѓани дека ова е кредибилен процес.

-Ние силно веруваме дека е кредибилен процес и затоа сметам дека овие се добронамерни и добредојдени документи кои треба само да го продолжат на она што го кажа претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел во Блед за реалната можност за членство во 2030 година, овие документи ги гледам само како поддршка на тој политички став за тоа да биде преведено во конкретна политика да не остане само политички став, рече Маричиќ.

Австрија минатата недела преку нон-пејпер испратен до високиот претставник за надворшена политика и безбедност, Жозеп Борел и до еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, но и до земјите-членки, побара конкретни чекори од Европската унија за постепена интеграција на Западниот Балкан.

Австрија бара од институциите на ЕУ да презентираат јасна агенда за етапна и забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан со конкретни чекори за имплементација до 2024 година и во следниот период, врз основа на „фер и ригорозни услови и принципот на поединечни заслуги“.

-Иако ја препознаваме важноста да се разговара за реформите во Унијата и за иднината на ЕУ, сметаме дека тоа не треба да се користи како изговор за одложување на процесот на проширување на нашите партнери од Западен Балкан, со кои преговараме со години и децении, се наведува во писмото потпишано од австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг и министерката за ЕУ и уставни прашања Каролине Едштадлер.

Натаму се посочува дека руската агресија врз Украина го промени политичкиот пејзаж на Европа и направи земјите од Западен Балкан и нивните граѓани уште побрзо е да се поврзат со ЕУ, па затоа треба да создаде „рамноправно поле за игра“ со другите кандидати и аспиранти, кои веќе ги уживаат придобивките на вклученост во зоната на слободна трговија.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БугаријаветоЕУинтеграцииМаричиќ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ