• Latest

Маричиќ: Паднаа лагите на опозицијата за францускиот предлог, граѓаните се определени за ЕУ, следното вето може да е само од ВМРО-ДПМНЕ

December 28, 2022

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Маричиќ: Паднаа лагите на опозицијата за францускиот предлог, граѓаните се определени за ЕУ, следното вето може да е само од ВМРО-ДПМНЕ

December 28, 2022 10:34
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, во интервју за „Капитал“ посочува дека манипулациите, лагите и силната пропаганда изминатово лето од страна на опозицијата дека има некаква скриена агенда за францускиот предлог, кој беше поддржан од цела Европска Унија, влијаеле врз мислењето на граѓаните во однос на евроинтеграцијата. Тој  нагласи дека она што е најважно е дека во сите анкети сè уште е висок процентот на поддршка за членството во Унијата.

-Лагите дека предлогот го брише јазикот, го брише идентитетот, решава историски прашања придонесоа граѓаните да се сомневаат во францускиот предлог. Тоа сето беше попратено и со силната реторика на бугарските националистички политичари, како и со отворањето на бугарски клубови, со имиња на контроверзни историски имиња, кои имаа цел да предизвикаат немир и нетрпение кај граѓаните и да ги нарушат односите на кои интензивно работиме и се обидуваме да ги подобриме. Но, видовме со следните случувања, после неговото усвојување во Собранието, дека тоа не е така. И со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, но и со целото однесување на Европската Унија, каде слободно можам да речам дека сме во фокусот на внимание, истакна Маричиќ.

Тој додаде дека поддршката за ЕУ не е виртуелна, а граѓаните многу добро знаат зошто Северна Македонија треба да чекори на европскиот пат.

-Знаеме за придобивките што носи членството, трансформацијата на општеството, европски стандарди, неповратни средства од европските фондови. Другата страна или некоја друга алтернатива нема ниту понуда, ниту реформи, ниту финансиска поддршка, туку само несигурност, неизвесност и конфликт, смета Маричиќ.

Наша цел е успешен процес на уставни измени, брзо и темелно спроведување на европската реформска агенда и во 2030 Северна Македонија да биде членка на Унијата, објаснува вицепремиерот.

Маричиќ нагласува дека наместо предвремени избори, што не се воопшто паметни во време на светска енергетска и економска криза и кои бараат континуитет и добро менаџирање, многу е поважно и попаметно опозицијата да ги надмине партиските интереси, да вложи напори и да учествува и во уставните измени и во процесот на преговори.

-Мораме да имаме политички консензус кога се работи за правецот на движење на државата и европската перспектива. Секој да се постави одговорно кон оваа државна задача и да ги надминеме партиските разлики. Овој пат нема да биде ниту Грција, ниту Франција со нова методологија, ниту пак Бугарија која ќе стави вето. Следното вето може да биде од ВМРО-ДПМНЕ, односно самите да се блокираме на европскиот пат. Сигурен сум дека доколку ги завршиме уставни измени, имаме шанса многу побрзо да напредуваме во процесот на европска интеграција, и ќе имаме прилика да ги правиме промени во пракса многу побргу, кажа Маричиќ.

Според вицепремиерот внесувањето на Бугарите, Црногорците и Хрватите во Уставот не е на штета на никого, а и содржински измената нема ништо спорно и е неспоредлива со уставните измени за промена на името.

-Затоа сум убеден дека ќе се најде начин и решение, со помош на меѓународната заедница преку нивна поддршка и присуство во земјава, но и со помош на граѓаните. Имаме простор, до ноември 2023 година, кога завршува целиот скрининг, да ги завршиме уставните измени. Како Влада и како мнозинство во Собранието работиме на создавање поволна атмосфера, за да дојдеме до тие две третини гласови кои ќе поддржат уставни измени коишто содржински за никого не се спорни. Тоа јавно го кажуваат, дури и оние партии кои сега  се противат на францускиот предлог, дека немаат против внесување на уште две, три или четири заедници во Уставот. На крајот одговорноста е и на секој пратеник, но и на сите политички партии кои се во Собранието, смета Маричиќ.

Маричиќ во интервјуто за „Капитал“ вели дека власта никогаш, во ниту едни преговори не отстапила од црвените линии, ниту прифатила било какви компромиси на штета на националните и државните интереси. Тој додава дека она на што сега треба да се фокусираме е спроведување на реформската агенда, брзо напредување во процесот и граѓаните да почнат да ги чувствуваат придобивките од преговорите со ЕУ.

-Највисока цена „ќе плати“ државата ако после сè што направивме, сите чекори, тешки одлуки, жртви и компромиси за откочување на евроинтеграциите на земјата и отворање на патот кон ЕУ, пропаднат. Ако досега постигнатото го изгубиме заради дневно политички пропаганди и државата ја насочиме во некој друг правец. Затоа е важно да го искористиме овој моментум, кога има позитивна атмосфера во ЕУ, како и симпатиите на европските институции кон нас, и мудро да ја завршиме оваа национална задача, вели Маричиќ.

Вицепремиерот нагласи дека истанува и опозицијата да покаже интерес и волја и да даде поддршка на овој процес и навистина пред граѓаните  да се покаже на дело кој е за Европската Унија.

ПМД/М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: вицепремиерВМРО - ДПМНЕЕУинтеграцииопозицијаПреговори
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ