• Latest
Фото: ВОА

Маричиќ: Предвремени избори само ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени

July 14, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Предвремени избори само ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени

July 14, 2023 09:25
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Фото: ВОА

Фото: ВОА

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во Вашингтон во екскузивно интервју за Гласот на Америка се осврнува за најгорливиот предизвик за Северна Македонија околу уставните измени и патот кон ЕУ.

Глас на Америка: Вицепремиере, вие сте препознатливиот виш функционер во сферата на евроинтеграции за јавноста, процес кој де-факто може да остане блокиран, ако до крајот на годината не успее процесот на уставни измени. Која е пораката од средбата со вишиот претставник на Стејт департментот, Габриел Ескобар?

Маричиќ: Пораката е дека постои моментум за Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија кон европските интеграции заедно и поврзано со ситуацијата во Укриина. Таа шанса не смее да ја пропуштиме, втора шанса не знаеме кога ќе имаме, нема да има можност повторно да се разговара и преговара за истите прашања кои што ги решивме минатото лето со Бугарија во форма на францускиот предлог. Не е време за политиканство, за вонредни избори, не е време за партиски препукувања. Време е секоја партија и секој пратеник и политичар да покаже на дело дека е за исполнување на нашите стратешки приоритети, во овој случај, зачленувањето во ЕУ.

Глас на Америка: Меѓутоа, впечатокот е дека повеќе време трошите во убедување на опозицијата во Скопје, отколку на разговори во Брисел во ЕУ?

Маричиќ: Јас во последно време сум повеќе во Скопје, но има наши тимови во Брисел кои што го водат скринингот многу успешно. Во Скопје имаме обврска да ги туркаме и реформските процеси и да го вратиме Собранието да функционира како една важна институција и да работиме на обновување на оној консензус за ЕУ. Сите чувствуваме дека консензусот за ЕУ е нарушен, откако ВМРО-ДПМНЕ зазема премногу цврст став да не ги поддржува уставните измени. Не можеме да бидеме само декларативно за ЕУ, мора да покажеме на дело. Денес се уставните измени, а утре ќе бидат многу други одлуки за кои ќе треба двотретинско мнозинство, а се врзани за конкретни европски политики, независно дали се работи за правосудството или други сегменти.

Глас на Америка: Безмалку е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се помести од своите позиции. Во таква ситуација, кој е планот Б? Дали можеби, меѓудругото сте и овде во Вашингтон, за да побарате поддршка од стратешкиот сојузник, САД?

Маричиќ: Поддршката од стратешкиот сојузник ја имаме, но не за никаков план Б. Поддршка од сите доаѓа, но само за планот А. Тоа е единствениот план што го имаме, а тоа е завршување на уставните измени, продолжување на преговорите со ЕУ, и членство на Северна Македонија до 2030-та. Секоја партија, секој политичар, којшто ќе се спротивстави на ова, ќе носи историска одговорност, за евентуален негов неуспех. Јас сум сигурен дека имаме доволно време до ноември, да ја убедиме целата пратеничка група или дел од пратеничката група на опозицијата да гласа за овој предлог, затоа што премногу е голем влогот да ја изгубиме оваа шанса. И пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и партијата треба да дадат одговор, зошто работат да ја пропуштиме оваа шанса, бидејќи следната година веќе ќе имаме друг контекст, а ние многу ќе доцниме. Веќе чекавме 17 години да ги почнеме разговорите, нема веќе ниту ден за губење.

📢“After 17 years of waiting, we’ve begun the dialogue with the #EU, taking a historic step towards our goal of full 🇪🇺 membership by 2030.”
– 🇲🇰 Dep. PM for EU Affairs @Bojan_Maricikj will host the Session-“EU Enlargement in the Transforming Geopolitical Dynamics” pic.twitter.com/Szi8yGxkaK

— Prespa Forum Dialogue (@PrespaForum) June 8, 2023

Глас на Америка: Вицепремиере, борбата против корупцијата во Западен Балкан е главен приоритет на администрацијата на Бајден, а Стејт департментот објави дека САД ќе продолжат да поддржуваат влади, партнери од граѓанското општество, независни медиуми против организираниот криминал и искоренување на корупцијата. Меѓутоа, дали корупцијата во Македонија е закана за нејзината национална безбедност?

Маричиќ: Корупцијата е тема која што се третира во сите политики. За секое поглавје од скринингот ние дискутираме која е анти-корупциската политика во тоа поле. Таа борба против корупцијата станува хоризонтално прашање и во европските интеграции. За нашиот просперитет е важно да ја интензивираме борбата против корупцијата. Како влада направивме многу, но уште многу има да се направи. Со нашите партнери бараме решение како да се зајакне улогата не независното судство. Корупцијата е феномен каде што треба да се бориме на сите полиња. Јасно е најдобар начин е да ги продолжиме преговорите со ЕУ и да ги зајакнеме нашите капацитети во текот на преговорите.

Глас на Америка: Дали размислувате за можноста за предвремени избори, нешто, што како последно решение го нарече, лидерот на опозицијата?

Маричиќ: Предвремени избори може да има само, ако опозицијата се согласи да гласа за уставните измени и потоа да распишеме предвремени избори. Само тоа е опција што како Влада би прифатиле. Мислам дека не е време за предвремени избори, туку е време за понесување одговорност и имплементација на нашите обврски. Граѓаните ќе ни бидат благодарни доколку ја завршиме обврската пред изборите, за да не бидат изборите оптоварени, за тоа кој е ЗА а кој е Против уставните измени, затоа што тоа ќе не внесе во нов 10-годишен тунел, од кој не знаеме дали ќе може да излеземе порано од 10 години. Не е време за предвремени избори, време е за носење одлуки.

Tags: Бојан Маричиќевроинтегративниот процеспредвремени избориуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ