• Latest
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Маричиќ: Соработката со граѓанското општество мора засилено да продолжи со цел постигнување на целта за приклучање во ЕУ

April 1, 2024

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Маричиќ: Соработката со граѓанското општество мора засилено да продолжи со цел постигнување на целта за приклучање во ЕУ

April 1, 2024 18:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Соработката со граѓанското општество мора засилено да продолжи со цел постигнување на целта за приклучање во Европската Унија, усогласување на системот по европски норми и спроведувањето на реформите. Не се откажуваме од иднината на оваа држава, нашата иднина е во Европа и убеден сум дека заеднички тоа скоро ќе го постигнеме.

Ова се заложбите како што истакна првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ од неговата денешна средба со претставници на граѓански организации насловена „Соработка и дијалог со граѓанското општество – состојби и перспективи“.

-Оваа влада, внимателно ги разгледуваше анализите, мислењата и ставовите на граѓанскиот сектор, особено оние што нè критикуваат. Ова е дел од дијалогот кој го водиме и кој мора да продолжи во иднина. Посветеноста и анализите на граѓанските организации се интегрирани во реформските политики на владите на СДСМ во изминатите седум години, рече Маричиќ.

Тој нагласи дека уделот на граѓанското општество бил од клучно значење во приготвувањето и прифаќањето на стратегиите и законите во области како антикорупција, антидискриминација, социјална и здравствена заштита, транспарентност, отчетност и отвореност на институциите, реформата на правосудниот систем и јавната администрација, како и политиките на промоција на мултикултурализмот и интеграцијата во ЕУ,пренесува МИА.

На денешната средба, тој подвлече дека биле зацртани следните планови и ветувања за кои се заложуваат од кои клучни се три: континуираното работење на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации, како и нивно вклучувањето во процесот на преговори со ЕУ преку усвојување модел за учество на граѓанското општество во процесот на пристапни преговори со ЕУ и унапредување на моделот за избор на претставници од граѓанското општество во секторските работни групи за ИПА.

-Нашата Влада е отворена за дијалог и соработка за да ги оствариме заедничките цели и да градиме посветено општество. Европскиот пат е нашата приоритетна агенда, како и на граѓанскиот сектор, таа цел е во интерес на сите граѓани, а најмногу за обезбедување на квалитетна и просперитетна иднина на нашите млади, за сите идни поколенија на оваа држава, нагласи Маричиќ.

Поранешниот премиер и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски, по учеството на средбата истакна дека таа била можност да се направи рекапитулација на направеното и што може да се направи во иднина за подобрување на соработката, потенцирајќи ја нивната улога во подготовката на закони и стратегии во насока на унапредување на демократијата во земјата и на статусот на различни гурпи во општеството.

-Сметаме дека вклученоста на граѓанското општество на партнерско ниво, се со цел забрзување на европеизацијата на општеството е една од клучните цели коишто сакаме да го постигнеме. Принципот на вклученост во процесите ќе го задржиме и прошириме, оти има потреба од негова голема инволвираност во процесите на креиорање законски решенија но, и во прегорите со ЕУ, и сметаме на тоа во идниот мандат, рече Ковачевски.

Tags: Бојан Маричиќ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ