• Latest

Марин: Коневски ја игнорира волјата на граѓаните!

April 7, 2017

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Марин: Коневски ја игнорира волјата на граѓаните!

April 7, 2017 16:03
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на скопската општина Аеродром не попуштаат, ако градоначалникот Ивица Коневски не ја повлече одлуката за спорниот ДУП, ќе се жалат на Уставниот суд.

Не стивнуваат реакциите на аеродромци против изгласувањето на промените на Деталниот урбанистички план, според кои, огромни зелени површини ќе се претворат во градилишта за висококатници. Незадоволните граѓани вчера, повторно излегоа на протест против ваквата одлука на Општината.

Златко Марин, претседател на општинска организација на СДСМ – Аеродром, во изјава за ЦИВИЛ Медиа, реагира на ставот на градоначалникот Коневски постиран на Фејсбук.

Златко Марин

„Единственото што го чувме од Ивица Коневски е изјавата која ја даде во паника, криејќи се зад ФБ постовите на Општина Аеродром, а во обид да ја дефокусира јавноста. Вели дека тој работел во корист на граѓаните, а ние сме ширеле дезинформации. Да те прашам, Коневски, дали висококатниците кои го задушуваат Аеродром се во корист на граѓаните? Граѓаните рекоа ‘не’ за зградите кај ‘Мајчин дом’ и покрај Вардар, уште првпат кога ДУП-от беше даден на јавна расправа. Освен што ја игнорира волјата на граѓаните, Коневски ја навредува и нивната интелигенција! Каде се тие 50 илјади садници за кои тврди дека ги има посадено?! Доволно е да еднаш да се помине низ Аеродром, за да стане јасно дека тоа не е вистина“, ни изјави Марин.

Тој ја коментира и нетранспарентноста на целата постапка на изгласување на спорниот урбанистички план.

„За дополнителна точка да се стави на седница, треба да се образложи итноста која ја покренува. Тука се поставува прашањето: зошто ДУП толку итно треба да се донесе? За да се заштитат бизнис-интересите на Камчев и на вмровската елита? Како е ова во корист на граѓаните? Ајде, градоначалникот нека излезе и нека ѝ каже и на јавноста – во чија сопственост е земјиштето кај ‘Мајчин дом’! Зошто е толку неопходно скришум да се дозволи изградба на висококатница тука? Висококатница која ќе ѝ донесе само штета на веќе пренаселената населба“, дециден е Марин.

Тој вели дека граѓаните јасно се изразиле дека им е смачено да дишат отров, наместо кислород, како и дека ако парцелата е приватно земјиште, не значи дека тука треба да се дозволи градба.

„Општината има одговорност да работи за доброто на широката маса, а не за потребите на индивидуалци. Градби, како што се планирани кај ‘Мајчин дом’ и покрај Вардар, ќе го втурнат Аеродром во еколошка катастрофа. Ова Коневски упорно заборава да го спомне во своите кукавички излагања. Вели дека целта му е да го урбанизира делот кој не е урбанизиран. Ние не сме против тоа. Меѓутоа, плански и имајќи ги на ум потребите на населбата. Не смееме да ѝ дозволиме на урбаната мафија да го уништи нашиот Аеродром, и да ги задуши неговите граѓани. Бараме итно повлекување на ДУПИ10. Бараме Ивица Коневски да ги слушне криците на своите граѓани!“, истакна Марин.

Маја Ивановска

Tags: АеродромВардарвисококатнициДУП10еколошка катастрофаКоневскиМајчин домМаринУставен суд
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ