• Latest

Марина Новакоска: Развој на економијата и поддршка на домашните мали и средни претпријатија

August 22, 2020
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Марина Новакоска: Развој на економијата и поддршка на домашните мали и средни претпријатија

August 22, 2020 16:27
in ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси веќе пристигнаа голем број пораки со артикулирани барања до идната влада, коишто се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Марина Новакоска пишува:

Имајќи ја во предвид актуелната состојба “COVID-19” во нашата земја како и во целиот свет покрај тоа што е погодена здравствената безбедност на граѓаните исто така во поголеми размери е погодена и економијата. Токму поради тоа сметам дека главен фокус на ново формираната Влада на Република Северна Македонија треба да биде развојот на економијата и подигнувањето на животниот стандард на граѓаните.

За таа цел потребна е цврста определба за поддршка на домашните претпријатија, пред сè на малите и средните претпријатија, кои ќе инвестираат и ќе отвораат работни места, а деловната клима  да биде ослободена од политички притисоци и репресии. Понатаму, посебно внимание треба да се посвети на зголемувањето на вработеноста во економијата, преку активните мерки за вработување  кои  ќе се планираат годишно да вработат поголем број на лица во приватниот сектор.

Задолжителна обврска на Владата е да настојува да се подигне нивото на платите во економијата. Растот на платите треба да прави притисок продуктивноста во економијата да се зголемува, а напоредно  да се обезбеди заштита на работничките права.

Развојот на економијата треба да обезбеди подигнување на животниот стандард на граѓаните, преку праведно распоредување  на плодовите. Исто така, Владата треба да  има за цел да вметне  праведност во двата клучни механизми за редистрибуција во економијата – даночниот и социјалниот систем.Тоа би се одвивало во позитивна наскока само доколку промените во даноците и социјалните трансфери бидат воведувани паралелно со подобрувањето на ефикасноста на институциите.

Подобрување на ефикасноста на институциите ќе треба да биде во правец  кон  прикажување на целосна фискална транспарентност, со што ќе се овозможи јавноста да добие и јасна претстава за вистинската состојба на јавните финансии.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ