Денеска се одржа протестен марш во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Новинари во рака држеа транспаренти во кои порачаа дека „нема да се извинуваат за незгодните прашања“, дека „нема да молчат“, како и дека „сиромаштија = автоцензура“.
Целта на маршот беше заеднички и сплотено да се изрази незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.
Новинарите бараат итно донесување на неопходните закони, кои се важни за нивните права и за работата на медиумите.