Веста дека голем дел од доказните материјали за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“, на Специјалното јавно обвинителство се уништени во поплава предизвикана од пукната цевка од парно, во јавноста предизвика бура од реакции и негодувања.
Меѓу нив го издвојуваме настанот кој е закажан на Фејсбук со наслов: Масовно сушење на поплавените докази на СЈО со фен“.
„Ве повикуваме на масовно сушење на доказите во СЈО со цел да овозможиме непречена работа на Катица и дружината.
Ваква несреќа не се случува секој ден, па затоа го замолуваме Кирацоски да ги пушти фризерките од Мепсо за да пружат стручна помош на лице место.
Ајде народе, ние можеме!“, стои во повикот за настанот, кој секако нема да се одржи, но барем ќе ве насмее…
М. И.