Здружението на новинарите на Македонија денеска организираше брифинг за претставници на меѓународната заедница во Скопје.
Насер Селмани, претседател на ЗНМ, од претставниците на меѓународната заедница побарал поддршка и поттик на Владата за еден од клучните приоритети, медиумиските реформи.
Селмани нагласил дека Владата треба да ги усвои измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој ќе се вградат и клучните забелешки од новинарските и медиумските организации и да ги достават на усвојување во Парламентот.
Меѓународната заедница, пак , изразила подготвеност да помогнат во процесот на медумските реформи во кој ќе бидат вклучени сите засегнати страни.
Б.Ј.