• Latest

Мeѓаши: Загадениот воздух е главен фактор за смртноста на децата!

February 5, 2017
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мeѓаши: Загадениот воздух е главен фактор за смртноста на децата!

February 5, 2017 18:19
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првата детска амбасада во светот, „Меѓаши“, бара надлежните институции итно да преземат соодветни мерки за деконтаминација на воздухот. Како што пренесе Грин ЦИВИЛ, од Меѓаши посочуваат дека загадениот воздух, предизвикува најголеми штети врз детското здравје и е најголем ризик фактор за смртноста на мaлите деца.

„Загадениот воздух трајно го оштетува детскиот мозок во развој. На децата им е загрозено, најелементарното право на живот. Тие се немоќни што било да сменат!“, алармираат од „Меѓаши“.

Повикувајќи се на членот 6 од Конвенцијата за правата на децата, чиј потписник е Република Македонија од „Меѓаши“ тврдат дека државата е должна да им овозможи живот и правилен развој на децата.

„Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно. Децата се најчувствителна група, затоа што имаат организми во развој и побрзо дишење. Со тоа, и побрзо внесување на загадените материи во телото. Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести, кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Така што, бројни се последиците од аерозагадувањето по разни делови на организмот, а кај децата фокусот е врз белодробниот систем“, изјави за Меѓаши, доктор Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје.

Истражувањето „Прочистете го воздухот, поради децата“, реализирано од УНИЦЕФ, покажува дека загадувањето на воздухот секоја година е важен фактор за смртта на речиси 600.000 деца во светот, помлади од пет години, и секојдневно е закана за животите и иднината на милиони деца.

„Загадувачите не само што им штетат на детските бели дробови во развој, туку ја преминуваат границата меѓу крвта и мозокот и трајно го оштетуваат детскиот мозок во развој – па така, и детската иднина. Ниту едно општество не смее да си дозволи да го игнорира загадувањето на воздухот“, категорични се од „Меѓаши“.

Реакцијата на „Меѓаши“ доаѓа по последните информации за енормната загаденост во Македонија. Мерните инструменти во повеќе градови покажуваат присуство на ПМ10 честички и 30 пати над дозволените граници!

Најголема загаденост на воздухот е евидентирана во скопската општина Карпош со измерени 1200 ПМ10 честички. Македонија е на 17-то место на листата најзагадени земји, според извештајот на светската организација „Еко-експертс“. Просечната годишна концентрација на ПМ10 честички е во пораст и според Светска банка. Во извештајот за 2015-та, стои дека просечната годишна концентрација на ПМ10 честички во Македонија, изнесувала 39 микрограми на метар кубен.

Еколозите и граѓанските организации неодамна на протест пред Владата побараа итни мерки за деконтаминација, со рок на реализација. Но, се чини никој нема слух за овој, во моментов алармантен проблем во Македонија.

 

Tags: детски правазагаден воздухКонвенција на правата на децатаМеѓашиПМ10 честичкисмртност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ