• Latest

Медиумите да не водат трка по „кликови“, време е за чесно, објективно и сериозно информирање за КОВИД-19

June 6, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Медиумите да не водат трка по „кликови“, време е за чесно, објективно и сериозно информирање за КОВИД-19

June 6, 2020 15:06
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Голем број на медиуми деновиве објавуваат неофицијални информации за новозаболени и починати од КОВИД-19, кои не се соопштени од релевантните институции. И по објавувањето на таквите информации, медиумите не соопштуваат ни од каде ги добиваат истите.

Пред два месеци на ова реагираше ЦИВИЛ, кои со мониторингот бележи дека, за жал, лажните вести и дезинформации, како и говорот на омразата и стигматизацијата во медиумите, а особено на социјалните мрежи не стивнуваат во периодот на вонредните мерки за спречување на заразата од КОВИД-19. Медиумскиот простор е исполнет со различни видови содржини што, под плаштот на „објективно“ информирање, застапуваат сосема различни, па и спротивни интереси од тоа што се подразбира под јавен интерес.

ЦИВИЛ ги повика медиумите, пред да објават некоја вест поврзана со корона вирусот, добро да ја проверат информацијата и да објавуваат само точни и прецизни информации, бидејќи со секоја непроверена „ексклузивна“ информација дека починал или се заразил некој од корона вирус се причинува само штета и ги тревожи и така веќе загрижените граѓани.

„Постапките на одредени медиуми и политички структури, ЦИВИЛ ги оценува како крајно несериозни и опасни по јавното здравје, по напорите да се заштити јавниот интерес и да се спречи ширењето на заразата. Пандемијата мора да се сфати сериозно. Сега е време да покажат одговорност и кон себе и кон својата публика, но и кон сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.

Ова не е време за трка по „кликови“, сега е време за чесно, објективно и сериозно информирање на јавноста!

ЦИВИЛ ја повикува Владата и Министерството за здравство веднаш да реагираат на овие појави, и да се санкционираат оние „извори“ што даваат непотврдени и неточни информации на одредени медиуми, со цел да се спречи паниката за ширењето на корона вирусот“,стои во соопштението на ЦИВИЛ.

Денеска реагираше повторно и министерот за здравство Венко Филипче за ваквиот однос на некои медиуми кои објавуваат неофицијални, и како што истакна тој, речиси секогаш неточни информации за бројот на новозаболени од корона вирусот.

„Од самиот почеток на оваа криза лично јас и целиот мој тим за односи со медиуми сме ваш партнер. Веќе 100 дена навремено, прецизно и транспарентно ја известуваме јавноста. Ги соопштуваме сите детали за новозаболените од Ковид-19, се со цел медиумите да имаат точна информација. Уште еднаш ги замолувам медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица од Ковид-19. Ги молам да ја зачуваат својата улога и задача која ја имаат кон јавноста за навремено, точно и проверено известување“, истакна Филипче.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ