• Latest

Медиумските реформи никако да стасаат на дневен ред кај политичарите

December 21, 2021
Фотографија: МИА

Екс-антикорупционерката Ивановска доби кривична – обвинува за притисок од власта

August 15, 2025

МВР поднесе кривична против директорката од Демир Хисар за одземање или уништување службен печат или спис

August 15, 2025
Фото: УТМС. Скопје / Инстаграм

(РЕПРИНТ) Гордиевиот јазол – Антикорупциска, Цвета Ристовска и инкриминираната диплома на директорот на АНБ

August 15, 2025
Ескалација на протестите во Србија
Фото извор - Нова.рс

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025
Фото; Фејсбук

Шумските пожари во ЕУ во 2025 уништија 511.000 хектари

August 15, 2025

Локални избори 2025: Како да ги проверите и коригирате податоците во Избирачкиот список

August 15, 2025

Повеќето Американци не му веруваат на Трамп во справувањето со војната на Русија против Украина

August 15, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Седум дена од „агресијата“ врз Њуз 24; Во Албанија е нарушен информативниот плурализам; Косово се спрема за локални избори во октомври

August 15, 2025
Фотографија: ДКСК

ДКСК ја избра Цвета Ристовска за заменик претседателка

August 15, 2025

Во првата недела на септември ќе се комплетира листата со кандидати за локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ

August 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Медиумските реформи никако да стасаат на дневен ред кај политичарите

December 21, 2021 18:53
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако ги прашате политичарите ќе кажат дека медиумските реформи сè уште не дошле на дневен ред, додека медиумските работници оценуваат дека нема политичка волја за независни регулаторни тела. По два распишани јавни конкурса, од кои еден поништен, трета година не може да се изберат нови членови на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги(ААВМУ). Овие две тела работат со истечени мандати, додека одлуките што се донесуваат во овој период се оценуваат како „дискутабилни“, пишува „Вистиномер“.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Мандатот на членовите на Програмскиот совет на МРТВ заврши во декември 2019 година, додека Советот на ААВМУ половина година работи со истечен мандат. Ова е нотирано и од страна на Европската Комисија, која во Извештајот за напредок од октомври 2021 година забележува дека „Северна Македонија постигна одредено ниво на подготовка, со што е умерено подготвена во областа на слободата на изразување“.

Властите треба да ги зголемат своите напори за реформа на јавниот радиодифузен сервис, обезбедувајќи ја неговата независност и финансиска одржливост. Јавниот радиодифузен сервис усвои петгодишна стратегија за развој, но процесот на реформи е отежнат од доцнењето во назначувањето на членовите во неговиот управен совет и во советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, пишува во Извештајот на ЕК.

Што се случи? – ги прашавме политичарите

Собранието на 16 јануари 2019 година распиша јавен конкурс за избор на членови на Програмскиот совет на МРТВ и за Советот на ААВМУ. Конкурсот беше поништен откако партиите една година не успееја да се договорат. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги одобри сите 28 кандидати, но списокот никогаш не дојде на пленарна седница. Вториот јавен конкурс е распишан на 7 мај 2021 година. Заврши на 5 јуни со 27 кандидати за 7 места во Советот на ААВМУ и 26 пријави за 13 членови на Програмскиот совет на јавниот сервис.

По одморите, по 20 август очекувам да ја свикам првата седница за избор на нови членови, по што ќе следат јавна расправа и изборот, кажа во јули во изјава за БИРН, Костадин Костадинов, претседател на надлежната собраниска комисија (30.07.2021).

ВМРО ДПМНЕ, кое во тоа време го нема мнозинството во Комисијата, тврди дека СДСМ не сака да расправа за медиумските тела, бидејќи во прв план им биле уставните судии и некои други, за нив, поважни тела.

Не ни добивме можност да разговараме за МРТВ и Агенцијата бидејќи се туркаа некои приоритети на СДСМ, како изборот на Цветнка Иванова за уставен судија. Не им помина и со тоа се’ застана. Додека за поништениот конкурс од 2019 година немаше консензус, па потоа имаше иницијатива да се менува Законот и наместо со двотретинско гласање, членовите да се избираат со просто мнозинство од 61 глас. Воопшто не сме ни седнале да ги усогласиме ставовите по пријавените кандидати, ни изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието.

Од СДСМ, пак, велат дека сега има нов распоред на силите во Собранието и во надлежната Комисија, во која откако партијата Беса го напушти мнозинството, опозицијата е побројна.

Овие денови треба да има нови прераспределувања и комисиите да добијат нови состави, откако се случија промени со излегувањето на Беса од мнозинството и влегувањето на Алтернатива. Токму во Комисијата за прашања на изборите и именувањата превластот е на опозицијата, преку пратеникот од Беса Фадил Зендели, ни изјави Јован Митрески, координатор на советничката група на СДСМ.

Митрески е потпретседател на Комисијата која уште во јуни требаше да одлучува за пријaвените кандидати на јавниот конкурс. Претседателот Костадин Костадинов на Локалните избори во октомври беше избран за нов градоначалник на Струмица, со што Митрески стана прв човек на оваа Комисија, која, според неговите најави, сепак, ќе го менува составот.

На прашањето дали имало лобирања по мајскиот конкурс и двете партии тврдат дека работите не дошле дотаму, бидејќи медиските реформи не ни биле тема.

Зошто се важни овие тела?

Советот на ААВМУ ја регулира работата на радиофузерите, доделува дозволи за работа со што директно одлучува дали една или друга телевизија или радио може да емитува програма, може да одземе дозвола за работи и со тоа да го „затвори“ медиумот. Од друга страна, Програмскиот совет на МРТВ ја контролира работата на јавниот сервис, има овластување да ја прекине програмата, го избира директорот, ја контролира програмата што се емитува, го одобрува финансиското работење на најголемата радиодифузна институција.

Мандатот на членовите на Програмскиот совет им истече на крајот на декември 2019 година, но според Зaконот тие остануваат на своите позиции до изборот на нов состав, но без право да ги носат клучните документи, а особено подзаконските акти што произлегуваат од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Поради тоа беше оспоруван и реизборот на директорот Марјан Цветковски за уште еден тригодишен мандат, иако Законот јасно предвидува дека и директорот на МРТ, како и ПС, остануваат на своите функции до изборот на новиот Програмски совет. ЗААВМУ, од друга страна, не нуди такви упатства за мандатот на Надзорниот одбор на МРТ, кој истече на 5 март 2020 година. Имено, не е јасно дали и за Надзорниот одбор на МРТ важат истите одредби дека треба да остане на функција до изборот на нов Програмски совет, оценува во својата анализа Центарот за развој на медиуми (ЦРМ).

Во јануари 2021 година, Програмскиот совет направи обид да распише конкурс за нов директор, но се повлече. Од друга страна Советот на ААВМУ во меѓувреме остана без еден член, откако потпретседателот Милаим Фетаи стана македонски абасадор во Хрватска.

Медиумските работници на став – политичарите не сакаат реформиран медумски сектор 

Големите политички партии сè уште не прифаќаат дека во некои области треба да постојат независни експертски тела – кои го штитат јавниот, а не партискиот интерес е ставот на Снежана Трпеска од Институот РЕСИС, која беше член на Советот на ААВМУ и кандидат на првиот конкурс кој беше поништен. Според Трпеска, успешниот модел на избор на членовите на Комисијата за спречување корупција каде сите одобрени кандидати се сослушуваа јавно, па потоа ги избираше Собранието, треба да се примени и на изборот на членовите на Советот на АВМУ.

Тоа е многу важно тело за регулацијата на аудиовизуелната област, кое треба да е составено од независни експерти. Иако кај сегашниот состав не може да се забележи видливо политичко влијание, мандатот на овие членови е истечен и тие во никој случај не можат да донесуваат важни одлуки за натамошниот развој на аудиовизуелната област, бидејќи на некој начин немаат легитимитет. Оттаму, блокирањето на изборот на нови членови е истовремено и блокирање на очекуваните реформи во медиумскиот сектор, изјави Трпеска за „Вистиномер“

Според неа, неспроведувањето на конкурсот, прави поголема штета на јавниот сервис.

Советот на МРТ треба да го претставува целото граѓанско општество. Сега тоа не е така. Врската меѓу МРТ и граѓанското општество е одамна прекината, а Советот ништо не правеше досега за да ја воспостави одново таа врска. Тоа е предуслов за МРТ да се трансформира во сервис на граѓаните, на јавноста – како што му е впрочем запишано во мисијата. Според тоа, блокирани се и реформите во јавниот сервис, вели Трпеска.

Новинарските здруженија повеќепати реагираа на неспроведувањето на медиумските реформи. Здружението на новинари (ЗНМ) долги години имаше „по клуч“ свој претставник во Програмскиот совет на МРТВ, што беше променето со законски измени. На поништениот конкурс, како и на вториот (сè уште актуелниот), ЗНМ го поддржа Игор Стојанов, комуниколг и новинар – уредник.

Стојанов има неофицијални информации од партиите и од неформални средби со политичарите и како што вели тој, партиите не можат да се договорат кои да бидат членови и тоа трае 4 години.

Официјално никој ништо не кажува. Неизбирањето на членовите во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и во Програмскиот совет на МРТ е показател за немањето на волја од страна на политичките партии во Македонија за суштинска реформа на медиумскиот простор. Очигледно оваа ситуација на делумно слободни медиуми, новинари со најниски примања во регионот и држава со дефинитивно најслаба медиумска продукција во регионот им одговара на сите политички партии. Но, во овој случај тоа што им одговара на политичките партии, не ѝ одговара на државата и на граѓаните. Секоја држава која нема квалитетни медиуми и квалитетни новинари треба сериозно да се запраша дали воопшто сака да функционира како демократија, ни изјави Стојанов.

Според Закон за ААВМУ, Советот на ААВМУ има седум професионално вработени членови, кои ги избира Собранието  со мандат од пет години, со полно работно време и со право на месечен надоместок во висина до четири просечни месечни плати. По конституирањето, Советот распишува конкурс за избор на директор. Актуелниот директор Зоран Трајчевски беше избран во 2014 година и. како и Советот, работи со истечен мандат. На вториот конкурс има 27 пријавени кандидати за Советот.

Програмскиот совет на МРТВ има 13 членови, избрани со Собранието на РСМ меѓу истакнати јавни личности. Советот заседава најмалку еднаш месечно. На последниот конкурс, пријавени се 26 кандидати, меѓу кои и шест члена на актуелниот состав.

Статус кво ситуацијата останува главната старо – нова вест во темата медиумски реформи. Тема која, како што оценуваат нашите соговорници, неатрактивна за политичките партии кои ја немаат ни на дневен ред, додека регулаторите работат по принципот „води политика, не бранувај“, пишува „Вистиномер“. / META

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ