• Latest
ТЕКОТ НА ПАРИТЕ во македонските медиуми

Мега скандал со црни пари од странство за медиумска кампања против националните интереси – што се случува?

February 22, 2020
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мега скандал со црни пари од странство за медиумска кампања против националните интереси – што се случува?

Кога до Јавното обвинителство ќе допре гласот дека со црни пари се финансираат медиуми на штета на македонската интеграција во НАТО?

February 22, 2020 13:16
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
ТЕКОТ НА ПАРИТЕ во македонските медиуми

ТЕКОТ НА ПАРИТЕ во македонските медиуми

Share on FacebookShare on Twitter

Сѐ уште е отворено прашањето дали Јавното обвинителство конечно ќе отвори истрага за индициите пласирани во јавноста дека црни пари од Русија и од Унгарија се слеваат во македонски медиуми со цел да шират антидржавна пропаганда. Прашањето „дали“, во овој случај, е сосема излишно, а на прашањето „кога?“ одговорот за вакво прашање би требало да биде – „веќе е започната интензивна и сеопфатна истрага“.

Изминатава седмица на неколку прес конференции СДСМ ги повикува надлежните органи да преземат активности и да откријат кој ги дава парите, кој ги пренесува во Северна Македонија, на кои сметки се слеваат и крајното, за што се наменети? Дали е точно дека со тие странски пари се води антидржавна кампања, се конструираат случаи и се продуцираат лажни вести за да ѝ се наштети на државата во пресрет на членството во НАТО и стартот на преговорите со ЕУ.

Виктор Орбан и Јанез Јанша. Орбан го држи знаменцето на партијата на Јанша.

Логиката на правната држава подразбира брзо и навремено интервенирање од страна на Јавното обвинителство, а тоа повлекува и финансиска контрола на медиумите, следењето на трагата на парите и, на крајот, каде завршиле и за што биле наменети. Очекувано беше дека до сега Јавното обвинителство да отвори предмет. На 10 февруари, словенечкиот портал „Нецензурирано“ објави новинарско истражување кое се  повикува на банкарски документи и тврди дека пари од Унгарија, преку банки во Словенија се дистрибуирале во медиуми во Северна Македонија со што се финансирала кампања против процесот на членство во НАТО и други стратешки национални интереси.

Се подразбира дека од Јавното обвинителство се очекува да покаже интерес за случајот, особено затоа што нивните колеги во Словенија веќе водат истрага за сомнителни трансакции во нивните банки и за пари кои завршувале и во тамошни медиуми. Новинарите од Словенија откриваат дека на листата македонски медиуми се телевизија Алфа и порталите Курир, Лидер и Нетпрес, оние за кои во СДСМ велат дека се главната машинерија на Христијан Мицковски, помогнат од Будимпешта од Никола Груевски, за спроведување на црна кампања против европските процеси во државата. Тоа значи, како што наведуваат од „Нецензурирано“ дека медиумите имаат задача да го поткопуваат Преспанскиот договор и да шират лажни вести за членството во НАТО и датумот за ЕУ.

Паричните влогови кон Северна Македонија се интензивирале пролетта во 2018-та година, кога поранешните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас преговараа за Договорот од Преспа. Договорот беше потпишан во јуни во 2018 година и беше услов за пристапување во НАТО. Во тоа време, Македонија беше под притисок на протестите на приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ кои имаа крајна цел Зоран Заев да падне од власт, токму поради договорот. Истражувањето објавува дека 2,5 милиони евра во последните две години завршиле во посочените четири медиуми.

Сојузници: Виктор Орбан и Владимир Путин

Според нивните извори, унгарските парични приливи повторно се интензивираат со наближувањето на изборите закажани за 12-ти април. Трансакциите повторно се одвиваат преку Словенија.

„Во последните години, унгарскиот политички врв, преку една од словенечките банки и помагачи во Словенија, спроведува огромна меѓународна операција за политичко разузнавање и подршка на медиуми блиски до ВМРО ДПМНЕ во Македонија. Целта на оваа операција е да се собори владата на Зоран Заев и Преспанскиот договор кој на Македонија ѝ обезбеди членство во НАТО“- стои во истражувањето на „Нецензурирано“

Инаку, операцијата започнала со средба во Охрид на 29 септември во 2017 година кога Виктор Орбан и Јанез Јанша, на официјален работен ручек со Никола Груевски, изразија поддршка за ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори во Македонија. Но, во позадина, тие очигледно веќе правеле други планови.

Во нормални услови, би требало да бидат доволни само овие информации, кои се само еден дел од целосното истражување спроведено во Словенија, надлежните да започнат постапка за утврдување на вистинитоста и одговорноста. Ако се утврди дека овие наводи се вистинити, тоа ќе значи дека нашата земја била мета на операција со која се загрозува слободата на медиумите, но и уште пострашно – ширење пропаганда против државата, а во полза на една политичка партија. Секако, во целата операција има елементи на хибриден напад врз демократијата и против националните интереси.

Џабир Дерала и соработничкиот тим на ЦИВИЛ МЕДИА 

 


Прочитајте и:

Од каде доаѓале милионите за рушење на Преспанскиот договор?

Дали, кој и колку милиони евра трошел за напад врз државните интереси?

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ