• Latest
Меѓунардона конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, Скопје, 12 декември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Меѓународна конференција за демократија и човекови права во Скопје: Почеток на глобална иницијатива

December 13, 2024
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Меѓународна конференција за демократија и човекови права во Скопје: Почеток на глобална иницијатива

December 13, 2024 17:01
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Меѓунардона конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, Скопје, 12 декември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Меѓунардона конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, Скопје, 12 декември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
Соопштение од: ЦИВИЛ, МЕДИА ДИЈАЛОГ, Младите за медиумите, Новиот европски граѓански форум и Германскиот сојуз на новинари.

Со повеќе од 25 говорници и панелисти од десет европски земји и САД, како и со повеќе од 60 учесници од нашата земја, на 12 декември во Скопје се одржа големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“. Партнерските организации – ЦИВИЛ од Северна Македонија, МЕДИА ДИЈАЛОГ и Младите за медиумите од Германија, како и меѓународната организација Новиот европски граѓански форум – со финансиска поддршка од владата на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија ја организираа оваа дводневна конференција како почеток на иницијативата „Одбрана на Демократијата“.

Целта  на конференцијата е да фрли светлина на предизвиците против демократијата и човековите права, но и да изработи применливи препораки и основи за стратегии за нивно надминување. Конференцијата беше дел од официјалната програма на Неделата на човековите права – иницијатива на Северна Рајна Вестфалија, и се одржа по повод Меѓународниот ден на човековите права, како и 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ во 1999.

Универзитетски професори, дипломати, експерти, новинари и претставници на граѓанското општество беа дел од програмата на главниот ден на конференцијата на 12 декември. Во текот на првиот ден од конференцијата на 11 декември се одржаа работилница, прес конференција, средби за вмрежување и интервјуа на дел од македонските медиуми со дел од видните учесници на конференцијата кои доаѓаа од Европа и САД.

„Деновиве, Скопје ќе биде главниот град на демократијата во Европа“, изјави, меѓу другото, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на прес конференцијата на 11 декември, и го цитираше соопштението на организацијата по повод Меѓународниот ден на човековите права.

Конференцијата наиде на голем интерес од јавноста, како домашната, така и меѓународната. Медиумски прилози за конференцијата имаше во регионот, како и во странство.

Експерти, новинари, лидери во граѓанскиот сектор и политичари испратија бројни пораки со честитки до организаторите на конференцијата.

„Од изборите наваму оваа конференција беше најголемиот општествено политички настан во земјава“, напиша, меѓу другото, претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, во својата порака до ЦИВИЛ.

Конференцијата беше пренесувана во живо на три видео канали на ЦИВИЛ, на македонски, албански и англиски, а воедно беа објавени поголем број содржини на ЦивилМедиа што се достапни на медиумите за објавување и понатамошно користење.

„Мислам дека ова беше исклучително успешна конференција која на едно место донесе голем број луѓе и идеи. Тоа што го научив е дека запирањето на лажните вести, дезинформациите и пропагандата се важна задача за да се обезбеди стабилност и услови за плодна дискусија во едно отворено општество. Новинарството е еден дел од одговорот, со оглед на тоа дека преку него се шират лажните вести, дезинформациите и пропагандата. Затоа е потребно да се поддржи независното новинарство, како и медиумската писменост кај нашите публики. Разменивме голем број идеи. Сега треба да почнеме со акција“, изјави претседателот на Германската сојуз на новинари, Мика Бојстер за ЦивилМедиа.

Редакцијата на медиумската платформа на ЦИВИЛ направи и неколку одделни интервјуа со дел од меѓународните учесници, што ќе бидат објавени во текот на наредните денови и ќе бидат достапни за преземање и понатамошна обработка од сите заинтересирани медиуми.

„Овие два дена на конференцијата за одбрана на демократијата и човековите права се занимава со проблематиката во земјата и Балканот, за сите различни предизвици на регионот кои бараат решение, имајќи ги предвид аспирациите за зачленување во Европска Унија, особено што се однесува до клучните процеси, економијата и стабилноста. Конференцијата ги опфати и глобалните прашања на денешницата. Еден од важните заклучоци е дека не постои едно единствено решение, но дека на вредносно ниво сите решенија мора да се засновани на заштитата на демократијата и човековите права. Не мракот, туку светлината треба да го води Балканот и Северна Македонија, да станат членки на европското семејство, па дури и да понудат решенија за Европска Унија да ги надмине своите предизвици. И ние во ЕУ треба да смениме многу работи“, изјави претседателот на МЕДИА ДИЈАЛОГ и Y4M од Германија, д-р Волфганг Ресман.

Во таа смисла е и изјавата на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој ден по конференцијата, изјави дека „конференцијата заврши успешно, но иницијативата продолжува и допрва треба да ги даде резултатите, не само на локално и регионално, туку и на меѓународно ниво“.

„Се гордеам што ЦИВИЛ е дел од оваа нова меѓународна иницијатива која, во партнерство со неколку германски и меѓународни организации и мрежи, со поддршка од владата на Северна Рајна-Вестфалија, тргнува токму од Скопје“, изјави Дерала.

„Беше корисно да се сретнат луѓе од толку многу различни места, кои сите доживуваат варијации на истиот застрашувачки тренд. Можевме да размениме наоди, да разговараме за тоа што функционира, а што не, и мислам дека од ова ќе се развие нешто како мрежа на солидарност. Беше мрачно, но и инспиративно, и се надевам дека конференции како оваа ќе се одржуваат ширум светот“, оценува експертката за човекови права од САД, Хедер Роберсон Гастон во изјава за ЦивилМедиа.

Пред конференцијата, ЦИВИЛ лансираше специјална веб страница посветена на конференцијата, чиј официјален хаштаг е #DefendingDemocracy, каде што се објавени сите потребни линкови, програмата на конференцијата и кратки биографски белешки на сите учесници.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ