• Latest

Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот одбележан во МНР-Северна Македонија се сеќава на сите жртви од оваа црна дамка на историјата на човештвото

January 27, 2023

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот одбележан во МНР-Северна Македонија се сеќава на сите жртви од оваа црна дамка на историјата на човештвото

January 27, 2023 13:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Настанот почна со една минута молк, во знак на почит кон жртвите кои настрадаа само затоа што беа Евреи.

Воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој меѓу другото ја нагласи важноста од сеќавање на Холокаустот кој не смее никогаш да се повтори и потребата од учење на лекциите кои што произлегуваат од тоа.

„Евреите ја платија најголемата цена на злосторничката нацистичката идеологија. Денес се сеќаваме на 6те милиони Евреи кои не го преживејаа Холокаустот. Наспроти огромните жртви, Евреите победија! ,,Ам Исраел Хај“ – или во превод, „живее народот на Израел“ се слуша денес на сите страни на светот каде што живеат Евреи. Таа нивна победа над програмираното и системски спроведувано зло, е и наша победа, победа на целото човештво. Таа победа е и предупредување: никогаш, никому и никаде повеќе! И затоа, 27 јануари е датум длабоко врежан во нашата меморија. Но не само да остане меморија, туку да биде и завет за иднината” рече Османи.

Османи истакна дека сеќавањето, образованието и развивањето на вистинските хумани вредности на меѓусебна почит, уважување и толеранција, се особено важни за превенирање оваа зло никогаш повеќе, никаде и кон никому да не се повтори.

„Северна Македонија, горда на своето мултиетничко и мултикултурно општество, каде што секој граѓанин се чувствува свој на своето, независно од неговото име, потекло, јазик или вера, го чува и ќе го чува споменот на Холокаустот, на 6те милиони убиени Евреи, меѓу кои и 7.144 наши сограѓани, кои посебно ќе ги споменеме повторно и на 11 март, на 80-годишнината од нивната депортација во Треблинка” подвлече Министерот.

Пригодни обраќања на овој настан имаа и амбасадорките на САД, Анџела Агелер, на Шведска, Ами Ларсон Џејн и Израел, Симона Франкел, како и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви.

Во присуство на амбасадори и други претставници на дипломатскиот кор, претставници на Еврејската заедница, на државните институции и академската заедница, одбележувањето на 27 јануари се заокружи со изложба насловена: “За мене не постои друг избор”, контрибуција на Шведската амбасада во Скопје. Изложбата е сторија за шведскиот дипломат Раул Валенберг, кој успеал да спаси бројни еврејски животи за време на Втората Светска војна во тогаш окупираната Унгарија.

Како земја членка на Меѓународната Алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА), Северна Македонија се сеќава на сите жртви од оваа црна дамка на историјата на човештвото, со цел да не биде заборавена и надеж – никогаш повеќе да не биде повторена.

Tags: АгелеревреиЛарсонОсманиФранкелхолокауст
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ