Деновиве од печат излезе „Меѓународно право за правата на човекот“ во авторство на Љубомир Данаилов Фрчкоски.
„Меѓународно право за правата на човекот“ е исклучително четиво кое ги надминува рамките на учебник за студентите и експертите во областа. Оригинален, влимателно аргументиран и убаво напишан, овој текст се обидува да ја постави тезата, линијата помеѓу етиката и политиката на човековите права, правејќи „еленски скок“ над правото и позитивизацијата на човековите права што е денес доминантна во светот.
Отворајќи ги содржајните парадокси на човековите права, нив ги поставува во хоризонтот каде што тие единствено преживуваат – еманципаторскиот дискурс на отпорот и солидарноста. Отпорот и чувствителноста дека правата се основниот, анархичен и револуционерен алат кој човекот го има за сопствено субјективизирање.
Книгата е објавена на македонски и на англиски јазик (англиската верзија се уште во печат), од страна на издавачката куќа „Три“.