• Latest

Мехмедовиќ: Средношколците да не носат маски и да се овозможи организирање ученички екскурзии

March 30, 2022
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
„Бољи живот“ - Лидија Вукичевиќ со јогурт на главата, Белград, 17 ноември 2026 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Вучиќ од вториот и третиот чин

November 18, 2026

Кремљовска мрежа ботови „Матрјошка“ поттикнува сепаратизам пред изборите во Шпанија

November 18, 2026
Големата сала во српскиот парламент (извор: parlament.gov.rs)

Србија: Вучиќ со 103-минутен говор ја претвори конститутивната седница во политичка пресметка – што се случи?

November 18, 2026
Еврокомесарката за проширување Марта Кос (photo: EC - Audiovisual Service)

Скандал: Српска националистичка песна на ЕУ форумот за проширување – што се случи?

November 17, 2026
Роботика во практична демонстрација: Прецизно ракување со предмети. (Извор: Google / Gemini, screenshot)

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Црно Море: Потона товарен брод во бугарската економска зона, сомнежи за напад со морски дронови

November 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Мехмедовиќ: Средношколците да не носат маски и да се овозможи организирање ученички екскурзии

March 30, 2022 15:25
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, КОВИД-19, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести на денеска одржаниот состанок одлучи да даде препорака за укинување на носењето маски за учениците во средните училишта и да се овозможи организирање екскурзии за учениците во основните и средните училишта, изјави портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, пренесува МИА.

Посочи дека се уште важи препораката наставниот и техничкиот кадар да носат маски.

– За укинување на останатите мерки кои се се уште во сила ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува и бројот на новозаразени и хоспитализирани.Се празнат болничките капацитети, има мала стагнација на репродукцискиот број, меѓутоа тоа не значи дека капацитетот на здравствениот систем не е релаксиран во моментот. Трендот е позитивен. Одиме во насока на тоа да имаме позитивна добра епидемиолошка состојба. Се намалува трансмисијата на вирусот и како резултат на тоа наредната недела се уште ќе разгледуваме дел од актуелните мерки и ќе видиме кои од нив може да бидат укинати, потенцира д-р Мехмедовиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека учениците или родителите кои сметаат дека нивните деца се уште треба да носат маски, може да ги носат, без оглед на тоа што се укинува таа задолжителна мерка.

Во врска со тоа дали следен чекор и препорака на Комисијата ќе биде укинување на носењето маски за студентите на факултетите, рече дека ќе видат каква ќе биде епидемиолошката состојба.

– Имаме позитивен тренд кој ни ветува многу дека можеме да размислуваме за тоа да се релаксираат мерките. Работиме согласно онаа алатка за оценување на епидемиолошки кризи. Се покажа како квалитетна. Сега засега не гледаме дека имаме влошување на состојбата, се уште таа е стабилна. Ако продолжи начинот на кој се одвиваат работите и ако тие се одвиваат со овој тек, може да очекуваме дека и таа мерка многу брзо ќе биде на дневен ред, можеби на следната седница, рече д-р Мехмедовиќ.

На новинарско прашање дали се размислува за олабавување на мерката за влез во државата, тој рече дека постои листа на мерки кои се веќе актуелни, времени и донесени со закон и постојат препораки, алгоритми, протоколи како да се организираат настани.

– Таа листа се разгледува пред секој состанок и кога ќе постојат услови одредена мерка да биде укината Комисијата расправа по однос на таа мерка и се одлучува. За мерката за влезот во државата неколку пати е дискутирано во изминатите состаноци. Претпоставувам дека на некој од наредните состаноци, може и на наредниот состанок таа ќе биде ставена на дневен ред, истакна д-р Мехмедовиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со процесот на вакцинација, тој посочи дека треба се уште да се работи на тоа, да се стимулираат граѓаните да се вакцинираат. Често пати, нагласи д-р Мехмедовиќ, ги изнесуваме тие пораки и преку медиумите, дека треба да се подигне процентот на вакцинација за да можеме оваа транзиција од едно вакво општество во кое живееме со многу рестриктивни мерки да преминеме кон малку послободно општество да се вратиме на онаа нормала од 2019 година.

– Не е само мерката со кампањата за караванот што треба да ги посетува градовите и да се зголеми процентот на вакцинација. Се уште се испраќаат СМС пораки до граѓаните тие кои се ризични групи и тие кои имаат поголема старосна граница над 65 години каде има многу коморбидитети да може да се стимулираат, да им се објасни кои се опасностите и кои се бенефитите кои ќе бидат добри по нив во однос на тоа ако се вакцинираат. Ова е веќе еден процес во кој повеќе мерки се на сила, односно повеќе начини за стимулација на граѓаните да се вакцинираат и тој процес ќе продолжи. Секако дека се работи на нови идеи за тоа како да се стимулираат граѓаните да можат што поактивно да размислуваат за да се имунизираат не само со бустер доза, туку и со прва и со втора доза односно да имаме целосна вакцинација на населението, рече д-р Мехмедовиќ.

Во врска со тоа кога граѓаните можат да очекуваат целосно укинување на мерките, тој рече дека тоа што го работат како Комисија за заразни болести е малку поинаку од тоа што го работеле останатите земји.

– Значи имавме примери кои ги видовме во земјите како Германија, Австрија, Велика Британија каде мерките беа подигнати практично одеднаш. Одеднаш престанаа сите мерки и дојде до нагло влошување на епидемиолошката состојба. Не би сакале да се доведеме во таква ситуација и ние да имаме влошување на епидемиолошката состојба. Сметаме дека ова укинување на мерките кое што е постепено ќе биде многу подобар начин да преминеме кон еден таков процес на прекинување на мерките отколку сите ги укинеме наеднаш, додаде д-р Мехмедовиќ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ