„Строго сите граѓани да се самоизолираат. Никого да не видиме надвор. Освен за потреби за храна и за ништо друго. Ова не е шега. Мојот апел е Владата брзо да донесе одлука. Војската да ги обезбеди сите институции што се занимаваат со здравство. Ние сме во војна. Во војна што ќе изгубиме многу наши драги луѓе. Особено оние што се со јак имунитет да се самоизолираат затоа што утре ќе бидат одговорни за смрт на многу луѓе“, порача Мендух Тачи, претседателот на ДПА. Тачи изјави дека утре ќе се дадат и нивни предлози за економски мерки. Тачи не присуствуваше на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, а претставниците на ДПА ја напутија со иговор дека албанските политички партии се само декор.