Универзитетскиот професор Мерсел Билали во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за своите ставови околу референдумот и неговите прогнози околу она што нè очекува по резултатите.
ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите гледишта и ставови за и околу референдумот?
Билали: Мислам дека долго време меѓу аналитичари, новинари, дипломати, политичари се врти една теза дека овој референдум е со иста тежина и важност како референдумот од 1991 година, за независноста на Македонија. Реално, последните релевантни светски анализи и центрите што имаат информации од прва рака, покажуваат дека овој референдум, за Македонија е дури од поголема важност од референдумот од 1991. Зошто? Ако референдумот од 1991 подразбираше независност на една држава, којашто во тоа време се отцепи од Југославија или тогашната југословенска федерација, и цел реон очекуваше да има конфликт, што всушност и се случи. Но меѓународната заедница во тоа време, во тој силен емоционален капацитет што беше акумулиран во бившите федерални единици на тогашна Југославија, немаше сила да ги закочи на дипломатски начин. Затоа, толерирам обид за закочување на таа енергија и ќе ги седне на едно место да разговараат. И Македонија беше дел на таа реалност, но благодарејќи на една мајсторска политика на тогашниот претседател, Македонија како да го избегна конфликтот, и тогаш следеше осамостојувањето. Сега, го имаме спротивното, и доколку овој референдум не успее, Македонија не само што ќе ја изгуби независноста, државата, туку и ке се створи една иницијална каписла за регионална детонација и експлозија. Како што веќе е познато, руските служби се длабоко влезени во земјава заради нивните интереси како што е разрешување на проблемот со Кримеа (источниот дел на Украина), во случајот на Западен Балкан, Русија има геополитички, геостратегиски интереси, за Балкан да се дестабилизира и освен за решавање на своите проблеми, да се факторизира во решавањето на балканските проблеми, во креирањето на новите карти, по едно големо кровопролевање. Македонија е само една мала иницијатива, таа е една мала и слаба држава и со влијанија од реонот заради составот на различни заедници (етнички) и нивните одредени истории, може многу лесно да го запалиме Балканот преку Македонија.
За жал,постои политички фактор што е против референдумот или не сака да го разбере или е во служба на тие руски служби, ова е многу јасно.
Ова е еден многу позитивен процес за Македонија, за мене круцијален, затоа што со успешен референдум ќе избегнеме една голема трагедија, една голема експлозија на Балканот. За жал, ова не се експлоатира во медиумите, но е реалност.
ЦИВИЛ Медиа: Што ќе се случи доколку референдумот успее, дали треба да очекуваме дека конечно ќе се започнат реформите?
Билали: Се чини дека Македонија нема институционален капацитет, се докажа значи и минатата влада го зајакна руинирачкиот професионален капацитет. И сега имаме нова влада која многу тешко се снаоѓа во овој правец, и излегува премиерот и вели дека ни треба еден камшик од надвор, и да почне од мене. Не е некое логично оправдување, но јас мислам дека реалниот проблем е немањето општ капацитет , би рекол од сите граѓани, за државотворност и за креирање на менаџирачки институции што функционираат без жртвувања.
За жал продолжуваме да функционираме со логиката на јавнта администрација потпрена на партиски интереси и нејзиниот кадровски аспект се обезбедува преку политичките партии без критериуми, без давање еднаква можност на сите граѓани без разлика од партиска припадност или не. Од тука треба да започнат реформите, меѓутоа не гледам дека може да започнат, заради политичките притисоци. Така што останува однадвор да ни импортираат принципи, во смисла на финансиско и политичко условување, во процес што треба да не издресира, како што се дресираат животните. Јас сум песимистичен што се однесува до изворниот капацитет за спроведување на реформите.
Така што, од голем важност е луѓето да го поддржат референдумот, и да створиме еден нов амбиент, сега младината ни оди во Европа, и за да го спречиме тоа, треба да ја донесеме Европа тука, нешто што е долг процес и доколку ова не го направиме мислам дека Македонија ќе остане држава на монументи и статуи.
Дијана Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Ова интервју е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“