• Latest

МФ: Се работи на воспоставување систем за раст на платите на вработените во јавниот сектор, минималната плата има раст од 12,55 отсто

March 24, 2023

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Се работи на воспоставување систем за раст на платите на вработените во јавниот сектор, минималната плата има раст од 12,55 отсто

March 24, 2023 13:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Одржлива и долгорочна методологија заснована на објективно дефинирани критериуми е решението кое го бараме за платите на вработените во целиот јавен сектор. Веќе се работи на Законот за плати во јавниот сектор, кој е објавен на ЕНЕР и е на јавна расправа. Решението на ова прашање со платите ќе го бараме заедно со партнерите во Економско социјалниот совет, синдикатите и работодавачите, соопштија денеска од Министерството за финансии.

Во моментов, додаваат од Министерството, се работи да се најде одржливо системско решение што ќе се однесува на целиот јавен сектор, по примерот со минималната плата и пензиите.

-Во Законот за службеници во државната администрација се воведе методолодија со која минималната плата е внесена како основна компонента во платата на државната администрација и врз основа на тоа платите на сите вработените во државната администрација се зголемуваат согласно утврдените критериуми за раст на минималната плата. Тоа се однесува на вработените опфатени со овој закон, додека кај другите растот на платите е регулиран со колективни договори. Станува збор за системско решение за платите на вработените во јавниот сектор, врз основа на утврдени критериуми, кои одговараат објективно на состојбите. Такво решение беше постигнато за растот на минималната плата и пензиите. Така согласно ова решение, во иднина секоја година во март врз основа на дефинираните критериуми, раст на трошоците на живот и раст на просечната плата, ќе се утврдува растот на минималната плата. Тоа е воспоставен систем, инкорпориран во Закон и кој ќе се имплементира во пракса, се вели во соопштението од МФ.

Така со воведеното системско решение од овој месец, според Министерството, минималната плата има раст за 2.175 денари или 12,55 отсто во однос на март минатата година. Раст, велат, има и просечната плата на вработените во државата, која достигна  34 илјади денари и има раст над 13 проценти.

-Податоците објавени од Државниот завод за статистика  регистрираат раст на просечната нето плата во скоро сите дејности. Во преработувачката индустрија има раст на платите од околу 16 отсто, градежништвото 20 отсто, трговија 12 отсто, транспорт 23 отсто, информации и комуникации 17 отсто, финансиски дејности и осигурување 9 отсто, административни и помошни услужни дејности 13 отсто, јавна управа и одбрана 6 отсто, образование 15 проценти, здравство и социјална заштита 5 отсто, уметност, забава и рекреација 13 отсто при тоа во креативните, уметничките и забавни дејности просечната плата бележи раст од 17,8 отсто и изнесува близу 38 илјади денари, додека во областа библиотеки, архиви, музеи, и останати културни дејности просечната плата има раст од 15,5 проценти и изнесува околу 35 илјади денари, велат од Министерството за финансии.

Оваа Влада, нагласуваат оттаму, презема мерки за раст на платите и заштита на стандардот на граѓаните. Минатата година се зголемија платите во основно и средно образование за 15 отсто, во градинките за 15 отсто, високо образование за 7 отсто (дополително во 2021 година имаше раст од 8 отсто), во култура во 2022 година има раст на платите од 18 проценти, судство 15 отсто, полиција 5 отсто и други.

Tags: ЕНЕРМинистерство за финансииплати
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ