• Latest

МИА отвори Прес-центар во Софија

January 24, 2022
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МИА отвори Прес-центар во Софија

January 24, 2022 19:19
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, МУЛТИКУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумската информативна агенција – МИА денеска го отвори својот прес-центар во Софија, на чие отворањето присустуваа и премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Како мошне важен чекор во насока на унапредување на севкупната соработка меѓу двете земји, двајцата премиери го оценија отворањето на прес-центарот на МИА во Софија, а што претходно во Скопје го направи и бугарската новинска агенција БТА.

Премиерот Ковачевски во обраќањето на отворањето нагласи дека е задоволство кога нешто се работи и кога тоа дава резултати, потенцирајќи дека пред само една недела во Скопје беше отворен прес-центарот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), а сега, по само неколку дена, се отвора прес-центарот на МИА во Софија.

– Не е значајно само тоа што имаме прес-центри на двете главни државни новински агенции, туку уште позначајно е што ќе има агенции што ќе споделуваат информации, кои се веродостојни и кои ќе ги одразуваат добрите односи меѓу двете држави, додаде Ковачевски.

Според него, оваа размена на информации е значајна во време кога меѓу двете држави започна процес на враќање на довербата и зајакнување на соработката меѓу институциите и деловните заедници, од што, како што рече, ќе има за што да се информира.

– Ќе има да се информира за позитивни работи и тоа ќе претставува пополнување на медиумскиот простор со тоа што го правиме во знак на пријателство меѓу двете држави ,во духот на европските вредности и исто така ќе претставува контратежа на сите оние лажни вести, на онаа пропаганда, која што ги носи односите меѓу двете држави на многу ниско ниво, потенцира Ковачевски.

Тој нагласи дека со неговиот колега Петков ќе работат на економско и трговско зближување на двете земји, а МИА и БТА ќе имаат задача да ги информираат граѓаните за сработеното и за бенефитите од тоа зближување.

Бугарскиот премиер Петков во обраќањето потенцира дека се радувам што со Ковачевски ја одржуваат само втората средба, а веќе почнаа да доаѓаат резултати од новиот приод во соработката.

– Од сега натаму ќе биде вака. Секоја недела очекуваме реални, конструктивни резултати, нагласи Петков, додавајќи дека и МИА и БТА ќе треба да дадат свој придонес кон зајакнување на таа соработка.

Тој потенцира дека очекува конкретни резултати од утрешната заедничка седница на владите на двете земји и потпишување на повеќе договори, за што, како што потенцира, ќе информираат и двете агенции.

На отворањето присустуваа директорите на МИА и БТА, Драган Антоновски и Кирил Влчев, јави известувачот на МИА од Софија.

Во обраќањето на отворањето, Антоновски истакна дека МИА објавува информации на три јазици – на македонски, албански и англиски и има одлична соработка со сите регионални агенции, а дополнително со БТА склучи и договор за размена на информации, кои се објавуваат во исто време во изворна форма, како проверена, брза и точна информација и како „наш придонес за справување со лажните вести“.

Тој потсети дека МИА веќе една година има дописник од Софија , а со отворањето на прес-центарот, што се наоѓа во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Агенцијата, како што нагласи, ќе придонесе повеќе во информативниот дел на КИЦ.

– Се надевам дека овој момент на отворањето на прес-центрот уште повеќе ќе придонесе за побрзи и поточни информации за се она што се случува и во Република Бугарија и во Република Северна Македонија, потенцира Антоновски.

За време на посетатa на Петков во Скопје, свој прес-центар, отвори и бугарската новинаска агеција – БТА, а сето тоа е согласно соработката меѓу двете агенции, која се интензивираше со потпишувањето на Договорот за размена на информации и професионална соработка.

Договорот беше потпишан во м ај минатата година во делегацијата на Европската Унија во Рим од страна на директорите на двете агенции, а во присуство на претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ