• Latest

Михајловски: Има најави за нови политички партии од десницата!

July 21, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Михајловски: Има најави за нови политички партии од десницата!

July 21, 2017 15:18
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформистите на ВМРО-ДПМНЕ имаат свои поддржувачи и во редот на пратеничките групи од оваа партија. Како што рече Александар Михајловски, имињата не им ги соопштуваат, за да се спречи нивна смена од функцијата што ја извршуваат во моментов. „Ако сега излеземе со име, кои пратеници нè поддржуваат, убедени сме дека ќе бидат изложени на притисок да се повлечат од пратеничката функција. Затоа, во овој момент, нема да ги кажеме. А, има многу, многу ги има!“, откри Михајловски на трибината „Без табу теми!“, која на иницијатива на ЦИВИЛ – Центар за слобода се одржа во Клубот на новинари, во понеделникот.

„Не знаеме која е целта на новоформираните 10 пратенички групи. Ако била целта да се прошири дебатата, тогаш, тоа е во ред. Но, ако била целта да се блокира работата на Собранието, тогаш тоа дополнително ќе го наруши имиџот на партијата во јавноста. Има пратеници што ја поддржуваат нашата Инцијатива. Но, нема да шпекулираме со имиња, зашто секое име што претходно го објавивме, беше разрешено од партиската функција што ја имаше! Зашто, Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, има широка поддршка во членството. И не само во членството, туку во сите партиски тела и органи, вклучително и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Сите се свесни и повеќе од јасно им е – дека ова е исклучително важен момент во историјата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Михајловски.

Според него, на македонската политичка сцена има најави за формирање нови политички партии во десницата, со кои што ќе се прави обид дополнително „да се цепи ВМРО-ДПМНЕ“.

„Ќе има обиди за да се раслојува ВМРО-вското гласачко тело, со што може да биде доведен во ризик, опстанокот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој аларм, ние што целиот живот сме биле во ВМРО-ДПМНЕ, го чувствуваме и тоа беше главниот поттик да излеземе јавно, со целиот тој крик што го чувствуваат членовите, што сакаат ВМРО-ДПМНЕ да остане во овој облик, но како демократска и модернизирана партија, да може да ги канализираме, да ги охрабриме да дојдат со нас и да може да се даде една форма во целиот настап“, информираше реформистот Михајловски.

М. Талеска

Камера: Д. Муратов

Монтажа: Е. Климента

Tags: Александар МихајловскиВМРО-ДПМНЕврмовско гласачко телодесницанови десничарски партиипратениципратенички групипритисоциреформистисменафункционери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ