Основниот кривичен суд – Скопје му одреди 30-дневен притвор како обвинет обвинет во предметот „Плацови на Водно“. Оваа одлука на Основниот кривичен суд доаѓа по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, јавува новинската агенција МИА.
„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацови на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“ – се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.
Основниот кривичен суд информира дека Советот смета дека се исполнети условите од член 165, став 1, точка 1, односно дека постои опасност од бегство, а решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.
Претходно, веста дека Апелација го укина притворот на Мијалков, откако ја прифати неговата гаранција во вредност од 11.106.501 евра, предизвика бура од реакции во јавноста.