На Меѓународната конференција за човекови права „Слобода или страв“ што се одржа во Кијив денеска, по повод 75 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права, се обрати комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.
„Во услови на егзистенцијална неволја, украинскиот народ покажа непоколеблива посветеност на вредностите и аспирациите на Универзалната декларација за човекови права. Нивната издржливост е доказ за нескротливиот дух на слободата“, рече Мијатовиќ.
Таа повика да се искористи денешната прилика за да се обновиме посветеноста кон принципите наведени во Универзалната декларација за човекови права, бидејќи, како што рече, визијата што ја содржи овој документ „е исто толку релевантна и денес, како што беше кога беше усвоена пред 75 години“.
„Слобода од страв – останува моќна визија за иднината на Украина и светот. Можеби сè уште не сме таму, но убедена сум дека само прашање на време е дека ќе бидеме таму“, заклучи Мијатовиќ, крајно оптимистички.
Таа својот говор го одржа онлајн.