• Latest

Милошоски: За прашања како името народот мора да се изјасни

February 2, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Милошоски: За прашања како името народот мора да се изјасни

February 2, 2018 17:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека е симптоматично што во моментов имаме празна и нефункционална Државна изборна комисија (ДИК) и оти треба сите државни институции кои би биле дел од евентуален процес за конечно одлучување за прашањето за името да бидат функционални за никој да нема алиби да го донесе Собранието пред свршен чин или да врши притисок да се изјасни на еден или на друг начин, без народот да ја изрази својата волја.

Милошоски денеска поднесе барање Собранието да донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК. Точката, според него, би требало да се стави на дневен ред на првата наредна седница, а изборот би се вршел според актуелниот Изборен законик.

Предлогот, како што кажа пратеникот на опозициската партија, најмногу бил инспириран од изјавите на вицепремиерот Бујар Османи и лидерот на ДУИ Али Ахмети кои прашањето за името, вели Милошоски, не го гледаат како прашање за коешто треба да биде чуена волјата на народот.

Дполнително, потенцира Милошоски, сегашната состојба во ДИК е спротивна на членот 26 на Изборниот законик каде што стои, наведува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, дека Собранието има императивна норма да ја пополни ДИК со нов состав после 30 дена по завршувањето на мандатот на претходната ДИК, кој беше констатиран во декември. Досега, вели тој, нема такви иницијативи.

– Очекувам сите пратенички групи да го поддржат овој предлог и да се објави јавен оглас, рече Милошоски.

Сепак, негово лично мислење е дека составот на ДИК треба да биде помал по број, за ДИК да биде и поекономична и поефикасна.

– Но тоа би било прашање на некои политички договори и некој поширок консензус. Ова е актуелниот закон и сметам дека според овој треба да имаме целосен состав на ДИК и да одговори на евентуелни избори или референдум, вели Милошоски.

Осум од деветмина членови на ДИК неодамна поднесоа оставки на функциите по што тие беа констатирани од Собранието откако во јавноста беше обелоденето дека тие си одредиле високи надоместоци како паушал за неколку изборни циклуси. Во ДИК единствен член сега е Емира Асани Салија предложена од Беса.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Антонио МилошоскибарањеВМРО-ДПМНЕДИКСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ