• Latest

Милошоски повторно демантиран: Сè што е кажано се лажни вести, велат од белоруската амбасада

July 26, 2019
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милошоски повторно демантиран: Сè што е кажано се лажни вести, велат од белоруската амбасада

Сакаме да посочиме, воедно и да потврдиме дека сѐ што беше искажано се едноставно лажни вести, велат од Амбасдата на Белорусија во Белград и Почесниот конзулат на Република Белорусија во Скопје

July 26, 2019 19:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ни во минатото, ни сега, до Амбасадата на Република Белорусија во Белград и Н.Е. Амбасадорот Валериј Брилјев, ни во Почесниот конзулат на Република Белорусија во Скопје, не се доставени никакви жалби. Исто така, ниеден стопанственик што бил примен на разговор не се пожалил за никакви проблеми, од каква било природа и какви било размери.

Сакаме да посочиме, воедно и да потврдиме дека сѐ што беше искажано се едноставно лажни вести.

Во моментот, се подготвува Нота од страна на Амбасадата на Република Белорусија во Белград до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија за погоре искажаните лажни вести”, се вели во соопштението од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Скопје, демахтирајќи го Антонио Милошоски кој обвини дека во Кабинетот на премиерот Зоран Заев дошол белорускиот амбасадор за да разреши спор поврзан со рекет од 250.000 евра.

 

Како што тврдеше Милошоски на вчерашната собраниска седница, се работи за случај каде бизнисмен од Битола, познаник на амбасадорот, кој добил тендер да работи со РЕК Битола, му биле побарани 250 илјади евра за да ја добие работата. Премиерот целосно ги отфрли овие наводи велејќи дека собраниската говороница многу дрско се злоупотребува.

Реакции имаше и во јавноста, особено на социјалните мрежи, со оглед дека Милошоски и порано се користел со ваков вид на ширење дезинформации.

„Па тој не знае другачие да размислува, верувам дека почнал и да верува во своите лаги. Милошоски не знае што е лага, а што вистина“, „Кога е топло времево, информацииве на Антонио се како мајонез, брзо се расипуваат“, „Ајдееееее Руските пранкери му јавиле на Антонио Милошоски за рекетот. Го лапнал кромидот“, беа дел од коментарите на Твитер.

Б. Јордановска

Share23TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ