Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, беше прва говорничка на денешната сесија за социјалниот дијалог и родовите прашања кој започна пред малку, во рамките на светскиот Фоум за родова рамноправност во Стокхолм, заедно со светски лидерки и лидери во социјалниот дијалог и процесите за родова рамноправност. Модераторката Ирене Венемо, државна секретарка на Министерството за вработување на Шведска, ја претстави Царовска како важна лидерка во оваа сфера, која доаѓа од Македонија.
Царовска се осврна на состојбите во социјалниот дијалог, синдикатите и родовиот баланс во различните сектори во земјата. Таа најави нови закони во кои ќе се поведе сериозна сметка за родовата рамноправност, особено во доменот на трудот, што ќе биде голем напредок во поглед на изминатите 11 години на авторитарното владеење на претходната влада.
Денеска е последен ден на Форумот за родова рамноправност во Стокхолм, во организација на Шведскиот Институт и низа други државни институции и големи меѓународни организации, со учество на преку 700 високи претставнички и претставници на владите, граѓанското општество, универзитетите, фондациите од преку 100 земји во светот.
Џ. Дерала
од Стокхолм