• Latest

Министерот кој се појави на работа со домашен сендвич и термос кафе

March 26, 2018

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Министерот кој се појави на работа со домашен сендвич и термос кафе

March 26, 2018 12:45
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Не, не е ова уште еден наслов за ловење на кликови. Ова е наслов на една приказна започната во далечната 1991 година. Приказна во која сите сличности со одредени личности се намерни. Приказна сместена некаде меѓу реалноста и фикцијата…

пишува: Маја Ивановска

Многумина од вас ќе се прашаат, или ќе ме прашаат, што јас знам за ‘91, со оглед на годините кои ги имам. За жал, многу повеќе од тоа што би сакала да знам. Знам за приватизациите, за стечајците, за ТАТ, за „бонбона“ бизнисите, за грабежите, за непотизмот и „ренесансата“ во државните институции, за барокизацијата на криминалот, за борбите, за лициемерието, за илјадниците социјални случаи во земјава, знам за иселените роднини и пријатели, за издавањето лекови под рака, за традициите на подмитување на докторите…

Знам за купувањето гласови, за лагите, за храброста и одлучноста кога не сте на власт, за игнорантскиот однос кога ќе успеете да се дограбите до моќта!

Знам за вашите патни трошоци, додека на еден слеп ученик му дадовте една автобуска карта. Да повторам, една! Затоа што не му треба придружник. Што ќе му е? Вие најдобро знаете како е да се движите низ Скопје со превез на очите…

Да, ова не е уште една приказна за тоа дека сите се исти. Тоа е веќе апсолвирано. Ова не е уште една приказна за „сит(н)ење на отпорот“. Ова е реалноста во која живееме. А реалноста е следна…

Го дишевме истиот воздух на протестите за Тамара. Се сликавте пред порта Македонија со графитот за тоа колку Тамари нè чини истата. Ги злоупотребивте овие приказни во предизборните камањи. Излегувате на пресови за да ни објасните дека сте ги намалиле трошоците во споредба со претходата власт, а сумите кои ги прикажувате се огромни.

Бевте гласни против огромните злоупотреби на патничките трошоци на своите претходници, но сега „транспарентно“ ни покажувате дека и вие го правите истото. Да се разбереме, транспарентноста не ги чини вашите дела помалку страшни.

Во меѓувреме секој ден се зголемуваат повиците за помош на болни, на сиромашни, на луѓе кои не живеат, туку буквално се борат со секоја секунда од денот за да опстанат. Само во изминатава недела два млади животи ја изгубија битката, додека во кујните за транспарентност и отчетност се готвеше соопштението за историски највисоката просечна плата во земјата…

Ги пуштивте вашите Пи Ар служби, со сите расположливи средства да ни објаснат дека сето ова што го гледаме е нормално и според сите правила на ова општество. Дека e нормално министрите да јадат и пијат со гостите, бидејќи ја претставувале државата. Затоа што ќе им падне круната ако ги угостите со домашен ајвар, на пример, послужен на повик за донација за операција на некое дете…

Не, ова не е приказна за тоа дека сите се исти. Ниту дека едните се полоши од другите. Ова е реалноста во која живееме, транспарентно!

Сè уште се чудите каква врска има насловот со погоре напишаното? И јас исто! Веројатно никаква…

Денеска е 26ти, а ниту еден од четирите препишани лекови за мојот син од позитивната листа ги нема. Навистина, не знам што му текна да се разболи на крај на месец…

На здравје нека ви е кафето!

 

Tags: #Тамаравладалицемериетранспарентносттрошоци
Share305TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ