• Latest

Министерот Спасов лаже?

June 8, 2016
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Министерот Спасов лаже?

June 8, 2016 12:09
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Не стивнуваат реакциите на граѓаните кои се чувствуваат дискриминирани и обвинуваат за неправична и нерегуларна распределба на 76-те социјални станови во Прилеп. По објавување на конечната листа, многу граѓани кои аплицирале во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, се обратија во ЦИВИЛ – Центар за слобода, со барање да ги објавиме нивните реакции.

Денеска објавуваме реакција од најблиските на Душан Нунески (58), кој аплицирал во категоријата инвалидизирани граѓани. Од министерот Диме Спасов бараат да се спроведе итна ревизија на постапката за распределба на социјалните станови и да не се дозволи никому да се всели во становите, додека не се изврши регуларен избор на новите корисници на оваа социјална бенефиција.

Револтирани се затоа што никој од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа не го посетил Нунески, ниту има точни сознанија во какви услови  живее овој човек со хендикеп.

Нунески е сместен кај сестра си во зима, зашто самиот не може да се грижи за себе. Но, во лето тој доаѓа во домот на починатите родители.  Парите, 3.800 денари што преку Меѓуопштинскиот центар му се исплаќаат за нега од друго лице, не му се доволни за живот. Во куќата нема струја, ни вода со години, ѕидовите и таванот се распаѓаат. Внуците доаѓаат од време – навреме, да му исчистат и помогнат, но набргу пак домот е во хаотична состојба.

„Барам на вујко ми, итно да му се додели стан. Нека дојдат надлежните да извршат увид и да видиме, дали и другите кои аплицираа за социјални станови, живеат во вакви услови, без струја, без вода, со 3.800 денари, кои не се доволни за лекови. А, познавам граѓани кои аплицираа, живеат во куќи, кои добиваат и инвалидски пензии, а работат многу декари тутун… Познавам и такви кои секој ден се по кафулињата, а аплицираат за стан… Ова е неправда и мора да прекине, социјалните станови, треба да ги добијат граѓани кои се навистина во тешка состојба, како вујко ми“, вели Александра Конеска, внука на Нунески.

Случајот на Нунески е уште еден во неколкуте, за кои и досега пишуваше ЦИВИЛ Медиа. Но, наместо одговор, од Министерството за труд и социјална политика се оградија дека немаат надлежност во распределбата на социјалните станови.

Портпаролот Марјан Гијовски, топката ја префрли на Министерството за транспорт и врски. Но, ако е така, останува нејасно,зошто министерот Диме Спасов, во изјавите за провладините медиуми вели дека од неговото враќање на министерската функција, се откочени постапките за социјалните станови.

„Ги откочивме постапките за доделување на социјални станови за стотици семејства од социјално ранливи категории во повеќе градови, меѓу кои и Прилеп, каде имаше неколкудневни протести од семејствата кои со месеци од необјасниви причини чекаа за да се даде насока во Министерството да се завршат процедурите околу потпишување на записници и сите технички работи, со цел овие граѓани да ги добијат становите. Тоа сега се заврши само во еден ден“, изјави Спасов, во интервју за порталот Курир.

Текст, видео и монтажа: Моника Талеска

Tags: Диме СпасовМоника ТалескаПрилепсоцијални становиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ