• Latest

Министерство за култура: Неточни тврдењата на Движењето Беса за етничка дискриминација

March 10, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Министерство за култура: Неточни тврдењата на Движењето Беса за етничка дискриминација

March 10, 2018 15:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура се оградува од тврдењата на Движењето Беса за наводна  етничка дискриминација на оглас за прием на двајца државни службеници во секторите за издавачка дејност и за културно наследство и оценува дека се неточни и неосновани.

Во соопштение ресорното Министерство наведува дека огласот се подготвува според постапка спроведена во согласност со Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавен сектор, односно членот 5 кој ја опишува методологијата за планирање нови вработувања и член 20 а став 2 и 6, како и член 20 б став 6.

„Пред подготвување на Годишниот план за вработување, во Министерството за информатичко општество и администрација  има алатка наречена балансер, во која се внесуваат податоци за бројот на вработените по правична застапеност и самиот балансер врз основа на внесените податоци за нови вработувања го пресметува процентот.  Овие податоци потоа се доставуваат и до Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.   Исто така, во Агенцијата за администрација има посебно Упатство како да се достави барање за оглас за вработување, каде што мора да се наведе од која национална припадност се врши вработувањето“, соопштува Министерството за култура и укажува дека  тие закони и постапки се донесени за време на претходната власт.

За жал,  додава, сегашното законско решение и методологија ги форматира потребите за вработувања на начин кој го истакнува принципот на правична етничка застапеност и во самиот оглас. Министерството за култура ги поддржува заложбите на реформа на легислативата која ќе биде во функција на остварување на  уставните принципи на еднаквост на сите граѓани на Република Македонија.

Во секторите за издавачка дејност и за културно наследство, укажува Министерството, е постигната соодветна правична застапеност на албанската заедница.

„Токму новата Влада и раководство на Министерството за култура ја прекинаа долгогодишната пракса на запоставување на културните потреби на оваа, а и на другите немнозински заедници“, посочува Министерството за култура.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БесадемантМинистерство за култура
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ