По обвинувањата на пратеникот Амди Бајрам од СРМ, дека го „извадил“ неговиот претепан син, Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари, од болницата „8 Септември“ во Скопје, оти стравувал дека ќе го отрујат, од Министерството за здравство, за ЦИВИЛ Медиа, изјавија дека на градоначалникот Бајрам му била овозможена соодветна грижа, според медицинските протоколи и соодветно на неговата состојба.
„По соодветниот третман, пациентот е во стабилна состојба, но ставот на лекарскиот тим на оваа установа бил да остане уште неколку дена, што не било испочитувано од пациентот и неговото семејство. Доколку, Бајрам има забелешки во однос на стручниот третман, тоа може да го пријави во Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, додаваат од Министерството.
Пратеникот Амди Бајрам, исто така, се пожали дека надлежните во болницата се однесувале „диктаторски“, бидејќи не ги пуштиле во посета, него и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски,
Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари, а воедно и кандидат за градоначалник на престојните локални избори, пред четири дена, на улицата „Гвадалахара“ во Шуто Оризари, со шипки бил физички нападнат и повреден додека одржувал средби со граѓанките и граѓаните. Заедно со него бил и Аднан Мемед, шефот на неговиот кабинет.
Противкандидатот Курто Дудуш тврди дека групната тепачка настанала откако Елвис, „со своите пајташи“, нападнале жена која им се спротиставила додека ги кинеле плакатите од штабот на СДСМ во Шуто Оризари.
МВР поднесе осум прекршочни пријави, меѓу кои ѝ за Елвис Бајрам и Аднан Мемед.
Дехран Муратов