(прес конференција 17 часот, со податоци од теренот обработени до 12 часот)
Во близина на Основното училиште „Браќа Рамиз-Хамид“ во Општина Шуто Оризари била поставена маса, на која има списоци со имиња. Откако гласачите ќе се пријават, одат во продавницата отспротива, од каде излегуваат со кеса со чорапи.
На гласачкото место 1536 во Пробиштип, имало обид фотографирање на гласачкото ливче. ИО навремено реагирал, со одземање на мобилниот телефон на гласачот. Случаот е евидентиран во записникот на ИО.
На сите жители на улицата Панко Брашнаров во Штип им било променето избирачкото место од ОУ Гоце Делчев во ОУ Димитар Влахов во населба Сење, без претходно надлежните институции да ги известат за тоа.
Набљудувачот на ЦИВИЛ во својот нотес ги внесувал забелешките за случај на семејно гласање. Член на Избирачкиот одбор побарал од набљудувачот на Цивил да не го прави тоа.
Еден од најголемите проблеми што се однесува до изборните нерегуларности денеска претставува семејното и групното гласање. Вакви случаи, набљудувачите на Цивил во периодот од 12 до 17 часот забележале во ИМ 2668, ОУ Партенија Зографски во Кисела Вода, ИМ 1538 општина Пробиштип, ИМ 2348,2348/1 подрачно училиште с. Моране и во 2347/1 во ОУ Наим Фрашери с.Студеничани, двете во општина Студеничани, ИМ 1119 и 1119/1 село Отља, општина Липково, ИМ 1112/1 село Липково, општина Липково, ИМ 2441 и 2441/1 село Буковиќ и 2453 с. Свиларе, Сарај, 0310 и 0310/1 во месна заедница, Виница, ИМ 0161 во о. Новаци.