• Latest

Мишел: Преговарачка кутија со приоритети како Украина и Западен Балкан е основа за договор

January 31, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мишел: Преговарачка кутија со приоритети како Украина и Западен Балкан е основа за договор

January 31, 2024 15:50
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска укажа на важноста на договорот за буџетот на ЕУ и посочи дека во преговарачката кутија, која беше поддржана од 26 лидери на претходниот самит и на која поддршката за Украина и Западен Балкан е наведена меѓу приоритетите, е поставена основа за постигнување на конечниот договор на 27 земји-членки на ЕУ.

Во писмото со покана до земјите-членки на ЕУ, по повод утрешниот специјален состанок на Европскиот совет, Мишел наведува дека целта е да се продолжат дискусиите за некои од најитните прашања кои се однесуваат на ЕУ, а пред се и најважно, за договорот за среднорочен преглед на повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ, кој вклучува пакет помош за Украина од 50 милијарди евра.

-На нашиот последен состанок во декември, 26-те лидери силно го поддржаа балансираното преговарачко поле кое зеде предвид јасен збир на врвни приоритети: поддршка за Украина, управување со миграцијата и нејзината надворешна димензија, поддршка за Западен Балкан и нашиот одговор на природни катастрофи. Оваа преговарачка кутија ги поставува темелите за финализирање на договорот 27 (земји членки), изјави Мишел и нагласи дека обезбедувањето на договорот е од витално значење за кредибилитетот на ЕУ.

Тој додаде дека лидерите на ЕУ на самитот ќе ја искористат можноста итно да ги разгледаат сите аспекти на воената помош за Украина, вклучително и испораката на муниција, во согласност со заклучоците на Европскиот совет од март 2023 година и прилагодувањето на релевантните инструменти на ЕУ, со цел побрзо да се достави помошта до Киев.

-За да го постигнеме ова, мора да продолжиме со нашите донации, да ги приспособиме нарачките и да даваме нови, што исто така ќе ја зајакне нашата европска одбранбена индустрија, рече Мишел.

Тој оцени дека „драматичните настани на Блискиот Исток бараат максимален фокус на ЕУ“ и повика на ослободување на сите заложници што ги држи Хамас без никакви предуслови, објави Европскиот совет.

-Со оглед на загрижувачките случувања во регионот, ние мора да ги решиме безбедносните прашања, да продолжиме да поттикнуваме воздржаност и да разговараме за мерките за спречување на понатамошна регионална ескалација, особено во Црвеното Море, нагласи тој.

Покрај тоа, додаде тој, ЕУ мора итно да придонесе за подобрување на „уништувачката хуманитарна ситуација“ во Појасот Газа. Мишел оцени дека лидерите на ЕУ треба да разговараат и за тоа како да се заживее политичкиот процес за решение со две држави, што тој го нарече единствена остварлива опција која може да донесе одржлив мир за Израелците и Палестинците и да ја подобри регионалната безбедност.

-Генерално, нашите напори треба да имаат за цел да обезбедат сите да го почитуваат меѓународното право и меѓународното хуманитарно право, рече Мишел.

На самитот на Европскиот совет во средината на декември, унгарскиот премиер Виктор Орбан стави вето на пакетот помош од ЕУ за Украина во вредност од 50 милијарди евра.

Tags: ЕУЗападен БалканУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ