Уредниците на „Инфомакс“ и „Лидер“, Александар Митовски и Љупчо Златев, го повикуваат народот да излезе на улица доколку ВМРО-ДПМНЕ, Левица, БЕСА, Алијанса за Албанците и Алтернатива не успеат да изгласаат недоверба на владата.
Митовски од „Инфомакс“, покрај тоа што во неговиот пост изнесува дезинформации дека пратеникот на Беса е киднапиран, меѓудругото пишува: „За вакво дупење во мозок на народот, треба да им се случи и улица“.
Уредникот на Лидер, Златев уште пред два дена ги повика граѓаните да излезат на улица доколку не падне владата предводена од Зоран Заев.
„Во борба против диктатор, сите методи се дозволени, и насилни и ненасилни!“, повикува Златев.
Ваквото поттикнување на насилство и омраза, како во овие примери на Златев и Митовски, имаше и за крвавиот 27 април 2017, кога граѓаните упаднаа во Собрание и тепаа пратеници, но поттикнувачите на насилството се спасија од обвиненија.
ЦИВИЛ повикува, надлежните институции да ги сфатат сериозно повиците за насилство и говорот на омраза!