• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Мицкоски ја закова последната шајка во… сопствениот политички ковчег.

September 7, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски ја закова последната шајка во… сопствениот политички ковчег.

September 7, 2022 07:00
in ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија… – референдумско прашање на партијата на Груевски што веќе пет години неуспешно ја води Мицкоски.

Талент! Не знам кој го советувал или ова е негова замисла, но самата иницијатива за референдум и, уште повеќе, референдумското прашање се уште една шајка во политичкиот ковчег на Мицкоски и тие околу него. Во било кои други околности, во било кое друго општество со малку поразвиена политичка и медиумска култура, ниту Мицкоски, ниту неговата партија не би го преживеале овој тежок политички гаф (најблаго кажано).

Очигледно е дека Кремљ попуштил со вниманието или целосно ги напуштил своите пулени во земјава, бидејќи вакви почетнички грешки не прават ни нивните приправници во одделението за пропаганда. Здравствуй, Кремль, ты нас слышишь? Не е Кремљ во прашање? Ах!

Антиевропска иницијатива

Самата идеја за референдум е антиевропска, а уште повеќе антимакедонска. Доаѓа во време кога земјата, заедно со целиот свет, се соочува со тешки егзистенцијални прашања, а Мицкоски и партијата се занимаваат со Договорот за добрососедство со Бугарија. Во суштина, само ја спроведуваат својата агенда која нема врска со македонските национални интереси. Реакциите, со право, се крајно иронични. Меѓу другите, добро е и ова прашање: Кога веќе се занимаваат со уривање на меѓудржавни договори – зошто само оној со Бугарија, а не и Преспанскиот договор? Страв, незрелост или…?

Претседателот Пендаровски, инаку самиот врвен интелектуалец и аналитичар, јасно го „дешифрира“ референдумското прашање:

„Добивме прашање со кое, во суштина, македонските граѓани ги прашуваат – дали сакате да престанеме да одиме кон ЕУ.“

Touché!

Чие масло е ова?

Што значи „напуштање на важност“ на некој договор? Ниту политички, ниту правно, овој израз не значи ништо. А референдумот би бил задолжителен, решил Мицкоски или кој веќе решава таму, во Белата палата. Под претпоставка да биде успешен и институциите на државата (во прв ред, Собранието) ќе имаат задолжение да направат – што? На кој начин и што потоа? Како и многупати порано, силните „правнички“ имиња во тимот на „прецизниот математичар“ Мицкоски уште еднаш покажаа несфатлив дилетантизам.

Навистина, чие масло е оваа најнова бламажа на Мицкоски? Руско? Бугарско? Руско-бугарско? Можеби го местат токму претендентите на престолот на Мицкоски? Сѐ заедно? Можеби Зоран Заев и Димитар Ковачевски му го подметнале ова, да му „помогнат“ да изврши политичко самоубиство? Или Груевски, додека мезел скапи сирења и пршути во своите будимпештански одаи, со полна уста, недоволно јасно зборувал, кога му беше на „баци рака“ кон крајот на јули.

Пропаднати демонстрации и топење на „европските“ маски

Да се потсетиме. Мицкоски, заедно со неговиот помлад идеолошко-политички брат, Апасиев, во јули покренаа насилни, ултранационалистички демонстрации против европскиот предлог за надминување на спорот со Бугарија. Изненадувачки (не премногу), им се приклучија не мал број НВО шефици и шефови, интелектуалци и уредници во медиуми кои лагодно живеат од европски пари. Навистина, многу „европски“ маски се истопија и разобличија под јулското сонце…

Извадија гилотина и малтретираа домашно животно пред парламентот. Им пречеше бугарското вето, а извикуваа „Смрт за шиптари“ и „Чиста Македонија“ (ја утнаа темата?). Повикуваа на нов 27 април…

Но демонстрациите секој ден губеа на интензитет и обем (издишаа), за во пресрет на гласањето во парламентот на 16 јули, да се сведат на еден грст мортус пијани ликови кои не беа свесни каде се и што прават на тревникот пред парламентот.

Победа за нацијата, пораз за националистите

Следеше тридневна расправа во која слушнавме бесмислени опозициски говори во кои единствено можеше да се препознаат тешки закани, националистичка омраза и неугаслива жед за власт. Кога зборуваа претставниците на власта, тие свиреа на вувузели. И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дојде да одржи говор во парламентот, но и кон неа се однесуваа како деликвенти. И на крајот, не гласаа.

Европскиот (познат и како француски) предлог победи со 68 гласа ЗА и НИТУ ЕДЕН ГЛАС ПРОТИВ.

Три дена подоцна, македонскиот и албанскиот премиер, Димитар Ковачевски и Еди Рама, одржаа прес конференции во Брисел и го означија почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Голема победа за нацијата. Тежок политички пораз за антизападните радикали и националшовинисти.

Кога планот Б е полош од планот А

Вечно намуртениот Мицкоски и хистеричниот Апасиев имаа „план Б“. Полош и од „планот А“, дефинитивно.

Можеби Мицкоски верува дека идејата за референдум – што ја квачи од втората половина на јули и снесе сматок – ќе му помогне да ги залечи политичките „рани“ од јулскиот дебакл. Можеби верува дека ова е уште еден чекор во походот за освојување на власта. Погрешно. Многу погрешно.

Мицкоски и Апасиев можеби имаат антиевропска, националистичка и проруска агенда, но не сакајќи работат во корист на владата на Ковачевски.

Чудни се патиштата… до ЕУ.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ