• Latest
Џабир Дерала

Политички инфантилизам, неспособност и опседнатост

July 2, 2022

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Политички инфантилизам, неспособност и опседнатост

Ако вечно намуртениот Мицкоски не се согласува со нешто, не значи дека во земјата нема консензус. Напротив.

July 2, 2022 07:51
in ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицкоски и неговата екипа имаат одлична, веројатно последна, шанса да одржат историски самит на највисоко ниво – со Реалноста и Иднината. Доволно е само да ја пружат раката за да ги допрат плодовите од победата што ја „извојува“ Македонија, со премиерот Ковачевски и неговиот тим, во прв ред, министерот Османи и вицепремиерот Маричиќ. Мицкоски и екипата треба само да прочитаат, а ако не знаат, да прашаат во партијата некој пописмен од нив и да го послушаат гласот на иднината која ги повикува дури и нив. За тоа е потребно еднаш, само еднаш, да им дадат предност на националните интереси пред своите лични апетити. Да, за интеграцискиот процес во ЕУ се работи, погодивте.

Ако и оваа шанса ја пропуштат, веројатно засекогаш ќе останат со спуштени панталони крај шините.

Рашистите, пак, на чело со брадестиот и гологлавиот, никогаш и немале панталони, а дури не се ни приближиле до шините. Ако вмро е изгубен случај, тие не стасале ни до статус на случај. Иако, не е исклучено нивно понатамошно растење во дадените околности и безбедносни контексти.

Мора да има протести против оние што ги решаваат проблемите!

Да се потсетиме. Мицкоски, соочен со неуспехот да привлече внимание и луѓе на улица, во бескрајната низа неуспешни обиди да предизвика политичка криза и предвремени избори, рече дека ќе престане со протести. Сакал да се „фокусира на решението“ кое, впрочем, некој друг го донесе. Како е можно некој да се „фокусира“ на решение што го отфрла без и да го прочита (според сопствено јавно признание!), останува непознато. А потоа, откако сфати дека тоа е признание на пораз, сепак, да повика на „сенародни“ протести. Или, можеби, ништо и не сфати, само имаше потреба да биде што подолго пред камерите со кои толку дарежливо го опсипуваат уредниците во медиумите.

Какви протести? Па, се знае! Протести против оние што ги надминуваат предизвиците и ги решаваат проблемите. И тоа, пази, проблемите ги решаваат на мирен начин, со дијалог, со врвни европски и светски манири! А пак не попуштаат и не дозволуваат загрозување на националните интереси! Брееј, мангупи!

Ама, чекај, не идат луѓе… Но ако не дојдат луѓе, Мицкоски има „математички прецизно“ решение. Ќе повика празни столчиња, ќе откорне клупи од парковите, ќе стави гајба и разни фигуринки на неа… Тоа искуство веќе го има. Сѐ што треба ќе направи против клетите „предавници“ кои еден проблем не сакаат да остават нерешен! А тој толку добро живее од проблеми…

Но да бидеме сериозни. Од Заев до Ковачевски, пет години на вмровците и ним сличните им се принесува сѐ на тацна, дури и решенијата на проблемите што тие самите ги предизвикале. Додека тие се тетерават како пијани морнари, некој работи на соочување со тешката и заплеткана балканска реалност.

Среде тешки светски кризи, некој наоѓа сили и храброст да донесе одлуки и решенија што ќе ѝ обезбедат достоинствена иднина на земјата. Како да не се протестира против тоа?

Лошото поведение на Мицкоски и нему сличните

Поведението на Мицкоски и нему сличните (и помалку различните – рашисти) веќе одамна ги помина границите на арогантно и навредливо. Неговите политики се реално деструктивни и одземаат енергија и време со кои Македонија не може и не смее да се расфрла.

Тие што се во орбитите на партиските механизми и моќта треба да знаат дека поведението на Мицкоски е и поведение на партијата. Затоа, наместо да се жалат наоколу и да чекаат Мицкоски самиот да падне од тронот во вмро, треба да сфатат дека тоа што го говори и прави тој, се смета дека го говори и прави целата партија. Исто како случајот со Груевски на кој, впрочем, Мицкоски сѐ уште му стои мирно и му ги исполнува желбите и наредбите.

Ако има политички здрави умови во вмро – имаат обврска пред партијата, а уште повеќе пред националните интереси – да ги заштитат од деструктивноста на овој лик. Времињата се премногу сериозни. Политичкиот инфантилизам, неспособноста и опседнатоста да се дојде на власт по секоја цена се преголем луксуз и превисок ризик. Премногу е, ќе рече Мицкоски додека во првиот ред стои ботоксираната старлета со чанта што може да нахрани барем 10 семејства месецов. Навистина е премногу.

Вистинското решение

Навистина, има ли јавноста горен праг на толеранција за слушање глупости за „предавството, мракот, апокалипсата“ на националните интереси? На политичката кожинка на вмровската елита се напластени премногу лаги и суета, а од реата на нивните порази бегаат и стаорците од канализацијата на највалканите пропаганди. Буквално. И сега, тие ликови, формирани во мрачните подруми на лажниот патриотизам, тотално одлепени од реалноста, го диктираат темпото на развојот на земјата. Како тоа?

Одговорот што не го очекувате, никогаш не е пријатен. И политичкиот анти-Ајнштајн и оној брадестиот рашист (и другите грди ликови од македонското политичко табло) уживаат среде политичката неписменост и апатија. Тоа, пак, е последица од клиентелизмот и опортунизмот на (квази) интелектуалните елити и медиумските „трговци“.

„Детаљ“

Но не е сѐ така црно, како што би сакале Мицкоски и рашистите. По 18 години чекање на студениот перон, конечно во рацете имаме билет со кој ќе се качиме на возот за Европа. Државниот врв вели дека ќе трага по широк консензус. Но не смеат да заборават еден „детаљ“…

Ако вечно намуртениот Мицкоски не се согласува со нешто, не значи дека во земјата нема консензус. Напротив. Тоа може да биде само уште еден добар знак дека го имаме вистинското решение.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ