• Latest

Мицкоски практично призна дека е аутсајдер во преговорите за формирање Влада, се уште неизвесна судбината на учениците…

August 11, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Мицкоски практично призна дека е аутсајдер во преговорите за формирање Влада, се уште неизвесна судбината на учениците…

August 11, 2020 17:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ДУИ и СДСМ преговараат за формирање на нова влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција по новинарско прашање посочи дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го информирал дека ќе започне преговори со СДСМ затоа што таа партија победила во македонскиот блок.

„Со господинот Али Ахмети имавме отприлика едночасовна средба, минатата недела во Собранието, на која ме информираше дека ќе отпочне преговори со СДСМ со изговор дека тоа е партијата којашто победила во македонскиот блок, иако јас му реков дека не се согласувам, бидејќи партијата која убедливо победи во македонскиот блок е ВМРО-ДПМНЕ, но во ред, тоа е негово мислење, тоа е човек кој има соодветно искуство на политичката сцена и јас му посакав среќа“, истакна Мицкоски.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата.

Граѓанската активистка и соработничка на ЦИВИЛ, Симона Манева Живкова пишува дека сака Влада без инает и кочници:

– Да развијат вистинска политичка дебата чија крајна цел би била во однос на  правата, доброто и интересите на граѓаните, а не лични препукувања и очајни реторики кои се рефлектираат со поделба, омраза и препукувања и меѓу самите граѓани.

Да престане праксата на водење инает и да не се кочат едни со други, особено кога се работи за прописи во областа на социјалната правда, конечно да покажат зрелост и единство кога станува збор за таквите политики. Затоа што, ние граѓаните гласавме и заслужуваме политичари во законодавниот дом кои ќе носат закони во корист на граѓаните.

Да се донесе веднаш новиот закон за работни односи кој ќе ги штити правата на работниците.

Граѓанскиот активист и соработник на ЦИВИЛ, Перо Наумовски, пишува:

– Реализацијата на Концептот за развој на Попова Шапка да биде прв приоритет и прва фаза од долгорочниот стратегиски развој на Шарпланинскиот масив во рамките на Полошкиот плански пегион.

Носител на реализацијата на развојниот проект да биде Владата преку ресорните министерства, Агенцијата за регионален развој во соработка со Полошкиот плански регион и општината Тетово“.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

По изборот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушта директорската позиција во Управата за јавни приходи на која беше три години.

По серија падови, во јули за прв пат од почетокот на ковид-19 здравствената криза, се појавија првите симптоми на заздравување на домашната економија, односно приходите од ДДВ се во пораст.

Државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и дипломати, членови на нивните семејства и граѓани со двојно државјанство од овие држави, при транзит низ Северна Македонија не треба да приложат ПЦР тест за Ковид-19 не постар од 72 часа како што е правилото за останатите државјани на ове земји.

Повторно е одложен за утре состанокот што требаше денеска да го продолжат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со кои се утврдува начинот на реализација на наставата од 1 септември за сите предложени модели.

СЛОБОДНА ЗОНА

„За јавноста е важно да знае дека, колку и да изгледа голема кампањата и дека ужива масовна поддршка (лајкови, споделувања, коментари), се работи за релативно мали структури кои користат професионални и софистицирани начини да допрат до голем број луѓе, особено корисници на социјалните мрежи. Сепак, нивното дејствување предизвикува сериозни последици“, пишува Џабир Дерала во Валканото оружје на криминалните структури (2).

„До сега сме виделе како функционира влада во која некои министри не го слушаат премиерот, туку лидерот на партијата.

Да се надеваме дека со изборот на премиер Албанец во Македонија, нема да гледаме така да се однесуваат и повеќето членови на Владата. Сличен пример, колку нѝ е познато, не постои во ниедна друга држава членка на НАТО или на ЕУ“, поентира Џевдет Хајредини.

Професорката Мирјана Најчевска во колумната „За образование по мерка на детето“ пишува:

„За дел од учениците (оние кои учат во училишта во кои, на пример, има 5 или 9 или 11 ученици во прво/второ/трето одделение), нема потреба да не се организира наставата на учениците со физичко присуство.

За дел од учениците кои живеат во места каде што има лесен и широк достап до интернет, може да се организира настава преку интернет (во целост или делумно).

Д. Муратов

Share42Tweet27Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ